Совладан тимот на Дрим тим со пет гола повеќе од нашиот ФК КУЛ генерација 2011

(Фотогалерија) Нов триумф за генерација 2012 на контролните натпревари
10/18/2020
Продолжува серијата на победи, генерација 2009 подобра од екипата на Дрим Тим
10/18/2020

Совладан тимот на Дрим тим со пет гола повеќе од нашиот ФК КУЛ генерација 2011

ФК КУЛ генерација 2011 денес го победи тимот на ФК Дрим Тим. На мечот на кој бевме домаќини на теренот на Локомотива победивме со високи 7-2 (3-1).

Ние имавме повеќе од играта на почетокот на дуелот, доминиравме во поле и имавме посед. Нашата игра беше течна, успеавме да направиме серија шанси. Отворивме за 1-0 преку Стефан Стојановски кој погоди умешно во мрежата на противникот. Потоа тргнавме офанзивно со цел да ја удвоиме предноста, успеавме во истото преку Милош Милошески. Најпрвин топката ја имаше Клампфер Теодор се ослободи од еден играч и шутна силно во гредата,  одбиената топка ја прифати Милош и ја спроведе во голот за предност со 2-0. Противникот успеа да ја преполови негативата, тие намалија на 2-1 на 5.минути до крајот на првиот дел. До крајот на овој период имавме уште два моменти за одбележување, шансата на Милошески и погодокот на Павел Зојчевски, кој погоди за 3:1, резултат со кој се замина на одмор.

Вториот дел започна со две прилики за нас, најпрвин Стефан Стојановски имаше шанса која не ја реализираше. Потоа во другата прилика успеавме да погодиме и да отидеме на три гола предност, за нас стрелаше Филип Чангов за водство со 4-1. Противникот сериозно се закани беше на чекор до тоа да не доведе на минимална позитива, најпрвин погодија за 4-2, потоа изборија пенал кој за среќа заврши во стативата. Ние по промашениот пенал веднаш казнивме, Стефан Стојановски стрелаше за 5-2. Милошески и Зојчевски потоа се заканија со неколку удари кон голот на ФК Дрим тим. Тамара Атанасовска одзема една топка, мина еден играч и умешно асистираше во срецето на казнениот простор на ривалот, стрелец за 6-2 беше Зојчевски Павел.

Ние успеавме да издоминираме, дојдовме и до пет гола предност. За високи 7-2 стрелаше нашиот Ночевски Давид. Милошески имаше две прилики на крајот за погодок, кои не ги реализираше.