ФК КУЛ генерација 2012 убедлив на тестот со Маџари

Термини за пријателските натпревари на ФК КУЛ кои ќе се одиграат во сабота
10/23/2020
Пионерите триумфираа над ФК Скопје со 6:0, пом.пионери со службена победа во 1.коло
10/24/2020

ФК КУЛ генерација 2012 убедлив на тестот со Маџари

Денес во Балонот во Кисела Вода ја пречекавме екипата на ФК Маџари на тест натпревар. Нашиот тим ФК КУЛ генерација 2012 предводен од Тодоровски дојде до висока победа со резултат 20:1 на оваа средба.


На самиот почеток по неколку минути игра отворивме со високи 3-0, потоа се беше јасно како ќе тече овој дуел. Имавме доминација на теренот па на одмор заминавме со високи 8-0 предност за нас. Во вториот дел натпреварот го имаше истиот тек како и во првиот период, само што во второто полувреме постигнавме четири гола повеќе од првиот дел. Поведовме со 20:0 пред крајот на мечот, противникот почесниот погодок го постигна во последната минута од слободен удар кога намали на 20:1, резултат со кој заврши овој дуел.


За нас на оваа средба стрелаа осум играчи, Стефан Николовски беше прв стрелец со пет погодока. Михаил Динов погоди еднаш помалку, односно имаше четири гола. Давид Николов стрелаше три пати, по два пати погодија: Кристијан Миленковски, Стефан Шиљковски и Тамара Атанасовска. Ангел Симоновски даде еден гол, еден прекрасен гол од слободен удар од средината на теренот впиша и Тодоровски Дамјан.