Пионерите триумфираа над ФК Скопје со 6:0, пом.пионери со службена победа во 1.коло

ФК КУЛ генерација 2012 убедлив на тестот со Маџари
10/24/2020
Победа за момците на Марко Арсовски, генерација 2009 на КУЛ подобра од Маџари
10/24/2020

Пионерите триумфираа над ФК Скопје со 6:0, пом.пионери со службена победа во 1.коло

Денес на Цементарница, момците на Нурединоски, пионерите  на ФК КУЛ успеаа да дојдат до висока победа во соочувањето со тимот на ФК Скопје. Победата во ова 1.коло од лигата ја остваривме  со резултат 6:0 (4:0)

Нурединовски започна со следниот состав: Цветковски, Мицевски, Митревски, Крстевски, Јанкулоски, Бундалески, Стајковски, Наков, Симоновски, Богданоски и Трајчевски.


Тргнавме офанзивно, уште по првата судиска свирка со цел да погодиме рано и да отвориме со водство. Веќе по 7.минути ни успеа тоа, за 1-0 ефективно стрелаше Стајковски Филипче. Богданоски Александар се закани во следната прилика за нас. Ние тргнавме со сите сили да го удвоиме водството. На сцена стапи Јанкулоски Бојан, тој во 11.минута со удар од дистанца погоди за 2-0. Истиот играч потоа стрелаше и за високи 3-0, овој пат погоди со глава. Противникот се закани со шут од слободен удар, топката идеше под гредата, но одлично исфрли во корна нашиот голман Цветковски. Јанкулоски одлично проби од десно центрираше до Борјан Наков кој одлично стрелаше за наша предност од 4-0 во 32.минута. До крајот доминиравме со посед се заканивме уште два пати, еднаш преку Наков во една прилика шутна Богданоски.


Ние и на почетокот на вторите 45 минути продолживме со исто темпо, доминиравме со поседот во поле и покрај четирите измени на полувремето кои ги направи Нурединоски, тоа донесе само освежување. Цветановски Матеј прв се закани во вториот дел, неговиот удар заврши над гредата. Потоа Митревски и Богданоски се заканија кон голот на противникот. Петрушевски имаше две прилики во 63.минута, односно имаше двојна шанса, во двата наврата голманот Велковски одбрани. Екипата на кул го зголеми резултатот на 5:0, кога прецизен од белата точка беше Александар Богданоски. Потоа Противникот имаше две шанси, нововлезениот наш голман Јосифов одлично одбрани. Во следниот период Наков имаше две прилики, во првата голманот интервенираше во втората погоди за 6:0. Тоа се покажа како конечен исход на оваа средба, за првите 3.бода на стартот од новата сезона во втората лига.


Во игра во вториот дел влегоа: Петровски, Јосифов, Митревски, Петрушевски, Васиќ, Цветановски и Стаменковски.

Претходно требаше да се одигра дуелот помеѓу  помладите пионери на истите противници во 1.коло од  лигата. Поради некомплетна документација на гостинот поврзана со ковид-19 протоколите, ФК Кул го доби службено овој дуел со резултат 3:0.