Пораз за повозрасните петлиња на пријателскиот натпревар против екипата на Македонија Ѓ.П

Победа за момците на Марко Арсовски, генерација 2009 на КУЛ подобра од Маџари
10/24/2020
(Фотогалерија) Пионерите убедливи со ФК Скопје
10/25/2020

Пораз за повозрасните петлиња на пријателскиот натпревар против екипата на Македонија Ѓ.П

Генерацијата 2006 на ФК КУЛ попладнево во Ѓорче одигра пријателски натпревар со екипата на Македонија Ѓ.П. Подобар беше домашниот тим, кој славеше победа со резултат 4:2.

На натпревар на кој противникот ги искористи своите шанси, наспроти нас, кој имавме неколку добри прилики, на крајот поразот дојде со два гола разлика.

По првото полувреме резултатот беше 3:1. Екипата на Македонија Ѓ.П поведе со високи 3:0, период во кој имавме ние шанси преку Олег Трифуновски и Антони Динов, кои останаа неискористени. Голот за намалување на 3:1 го постигна Олег Трифуновски.

Во вториот дел видовме по еден гол на двете страни. Најпрво противникот го зголеми резултатот на 4:1, додека конечните 4:2 ги постави Дамјан Спасовски.  Голема шанса во овој дел од натпреварот имавме преку Константино Горгиовски кој од слободен удар ја погоди пречката од противничкиот гол.

Тренерот Божиноски стартуваше со следниве 11-сетмина: Ѓорѓиевски, Михов, Трпевски, Јовевски, Стојановски, Горгиовски, Михајловски, Душкоски, Динов, Блажовски и Трифуновски.

Играа уште и Лазовски, Меијер, Спасовски, Костовски, Јовановски, Илиев и Василев.