Голема победа за кадетите на КУЛ, Здравески и Ѓорѓиевски донесоа три бода во дуелот со ФК Скопје

(Фотогалерија) Пионерите убедливи со ФК Скопје
10/25/2020
Младинскиот состав на КУЛ загуби во првото коло од екипата на Скопје
10/25/2020

Голема победа за кадетите на КУЛ, Здравески и Ѓорѓиевски донесоа три бода во дуелот со ФК Скопје

Кадетите на ФК Кул стигнаа до голема победа на стартот од новата натпреварувачка сезона. Денес на теренот во Нова Колонија, нашите млади надежи гостуваа кај тимот на Скопје, во рамките на првото коло од втората кадетска лига. Момците на Нурединоски Един стигнаа до триумф (1:2), со резултатски пресврт и со подобра игра во второто полувреме, откако по првите 45 минути имаа негатива од 1:0.

Тренерот Нурединоски стартуваше со следниве 11-сетмина: Андреј Ројчинов, Филип Јаневски, Дамјан Ивановски, Стефан Јованоски, Филип Кузмановски, Стефан Здравески (K), Марко Ѓорѓиевски, Никола Николов, Леонид Стојчевски, Ангел Петрушевски и Дамјан Ивановски. 

Првиот дел заврши со минимална негатива за нас, противникот на одмор замина предност од 1:0. Андреј Ројчинов имаше неколку успешни интервенции во овој дел од натпреварот. Противникот погоди за 1-0 по 11 минути игра преку Мурат Тефиќ, предност која ја задржа до крајот на првите 45 минути. Ние во поле имавме игра, единствено ни фалеше завршниот дел од акциите кога требаше да го загрозиме голот на ФК Скопје, односно не создадовме прилика за израмнување во првите 45.минути.

На стартот од вториот дел во игра го видовме Филипче Стајковски кој го замени Ангел Петрушевски. По мотивациониот говор на на нашиот тренер Нурединоски на паузата, за само 5.минути во вториот дел имавме три обиди кон голот на ФК Скопје. Сите три удари минаа крај гол конструкцијата на домаќинот, а се обидоа Николов, Стојчевски и Јаневски. Многу повеќе енергија вложивме во овој период, бевме поконкретни, Ѓорѓиевски и уште еднаш Стојчевски се заканија кон противничкиот гол, но се уште немаше промена на резултатот.

После една акција добивме пенал по игра со рака на противничкиот играч, одговорноста ја превзеде капитенот Стефан  Здравески кој погоди умешно по земја за 1-1 во 65 минута од натпреварот. По само три минути падна и втор гол во домашната мрежа, одличен продор имаше Марко Ѓорѓиевски, кој погоди атрактивно за наша предност од 1-2 и резултатски пресврт на овој дуел. Во 70 минута направивме и втора измена кога во игра влезе Лука Алексоски, на местото на Леонид Стојчевски. Ние со офанзивна игра ја браневме предноста, и се обидувавме да ја зголемиме истата.

Стефан Здравески се закани со глава во 76.минута, но топката мина над гредата. За одбележување е уште една одлична интервенција на голманот Ројчинов на десеттина минути пред крајот, кој не му дозволи на противникот да стигне до израмнување. До крајот на натпреварот не видовме некое поголемо возбудување кон двата гола, екипата на Кул славеше голема победа со резултат 1:2.