Младинскиот состав на КУЛ загуби во првото коло од екипата на Скопје

Голема победа за кадетите на КУЛ, Здравески и Ѓорѓиевски донесоа три бода во дуелот со ФК Скопје
10/25/2020
Три победи и еден пораз во дуелите со ФК Скопје, преглед на 1.коло во сите четири младински категории
10/26/2020

Младинскиот состав на КУЛ загуби во првото коло од екипата на Скопје

Младинците на Кул го загубија првиот натпревар сезонава, откако денес на теренот во Нова Колонија загубија од екипата на Скопје, која триумфираше со резултат 2:0 (1:0)

Стартниот состав на нашиот тим изгледаше вака: Феџри Адеми, Дамјан Ѓуровски (К), Бојан Ристески, Јован Митревски, Никола Крстевски, Бојан Јанкулоски, Бодан Тодоровски, Ѕвездан Мицевски, Томи Станковски, Дамјан Манојловски, Васко Ѓорѓиевски.

Како и на кадетскиот, така и на овој младински дуел заминавме на одмор со минимална негатива од еден погодок. Најпрво натпреварот започна резервирано со почетно испитување на силите. Противникот успеа да поведе со 1-0 уште во 4 минута од натпреварот, резултат кој подоцна се покажа како конечен за првите 45.минути. Ние имавме неколку прилики, најзрелата со глава ја имаше Митревски Јован, како и Томи Станковски кој имаше обид, но истите останаа неискористени. Нашиот голман Феџри Адеми одбрани два удара во првиот период од овој дуел.

На стартот од второто полувреме, тренерот Нурединоски направи дури три измени. Во игра ги видовме Марко Мицевски, Иво Насевски и Михаил Стаменковски, кои влегоа на местото на Митревски, Јанкулоски и Тодоровски. Вториот дел започна со наша иницијатива према голот на домаќинот. Томи Станковски се закани со удар од страна, но немаше погодок. Ние имавме инцијатива, домаќинот се обидуваше со дефанзивна игра да ја зачува предноста од првиот период на овој дуел. Во 66.минута Томи Станковски имаше слободен удар од 30.метри кој сам го избори, неговиот удар мина над гредата од голот на Скопје.

Нововлезениот голман, Миленковиќ Лука отстрани една опасност пред нашиот гол со благовремена интервенција. Противникот успеа да ја удвои предноста по една брза контра, тие погодија во 75.минута од овој натпревар. До крајот на натпреварот немаше шанси за одбележување, па конечниот резултат гласеше 2:0.

Сепак можеме да се пофалиме со успешен старт на сезоната, на четирите натпревари со ФК Скопје остваривме три победи и еден пораз. Во следното коло за противник ја имаме екипата на Струга Трим Лум.