Три победи и еден пораз во дуелите со ФК Скопје, преглед на 1.коло во сите четири младински категории

Младинскиот состав на КУЛ загуби во првото коло од екипата на Скопје
10/25/2020
(Фотогалерија) ФК КУЛ убедлив во средбата со Маџари, генерација 2012
10/26/2020

Три победи и еден пораз во дуелите со ФК Скопје, преглед на 1.коло во сите четири младински категории

Младинските екипи на ФК Кул го одиграа првото коло во рамките на втората лига. На натпреварите против екипата на ФК Скопје остваривме три победи и еден пораз. Генерациите 2005, 2004 и 2003 ги освоија бодовите, додека единствено генерацијата 2002 беше поразена.

Помладите пионери со службен резултат (3:0) го добија дуелот од првото коло против екипата на Скопје. Противникот не се појави на натпреварот кој требаше да се одигра на „Цементарница“ бидејќи немаа заверени изјави од играчите, па натпреварот не се одигра.

Дуелот на пионерските екипи се одигра и заврши убедливо во корист на Кул, кој победи со конечен резултат од 6:0. Одличен меч одиграа избраниците на Нурединоски, па победата не беше ниту во еден момент загрозена. По два гола на стартот од сезоната запишаа Бојан Јанкулоски и Борјан Наков, додека по еден беа дело на Филипче Стајковски и Александар Богоданоски.

Кадетите исто така ги освоија бодовите во дуелот со Скопје, на натпревар кој се одигра на теренот во Нова Колонија. Тука, славевме со пресврт во вториот дел, откако на полувреме бевме во негатива од 1:0. Сепак во второто полувреме тргнавме фуриозно кон противничкиот гол, бевме многу активни, па таквата игра на крајот ни донесе и триумф. Стрелци на головите за нашиот тим беа Стефан Здравески и Марко Ѓорѓиевски.

Младинците не успеаа да стигнат до бодови на натпреварот со противникот, кој победи со резултат 2:0, со по еден погодок во двете полувремиња.

Како беше на останатите натпревари во сите четири категории, во рамките на првото коло можете да погледнете во продолжение:

Втора помлада пионерска лига:

ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци – ФК Беласица АД  3:0

ФК Куманово 2012 – ФК Борец 1919 АД  5:0

Кожуф Гевгелија – Силекс АД ( не се одигра)

ФК КУЛ – ФК Скопје АД  3:0  ( службено)

ФК Лабуништа 2011 Тетово – ФК Струга Трим ЛУМ  3:1

Втора пионерска лига:

ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци – ФК Беласица АД  0:1

ФК Куманово 2012 – ФК Борец 1919 АД   4:0

Кожуф Гевгелија – Силекс АД  ( не се одигра)

ФК КУЛ – ФК Скопје АД  6:0

ФК Лабуништа 2011 Тетово – ФК Струга Трим Лум 0:2

Втора кадетска лига:

ФК Беласица АД – ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци  1:2

ФК Борец 1919 АД – ФК Куманово 2012  1:1

ФК Силекс АД – ФК Кожуф Гевгелија 3:0 ( службено)

ФК Скопје АД – ФК КУЛ  1:2

ФК Струга Трим Лум – ФК Лабуништа 2011 Тетово  0:0

Втора младинска лига:

ФК Беласица АД – ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци  3:0

ФК Борец 1919 АД – ФК Куманово 2012  3:1

ФК Силекс АД – ФК Кожуф Гевгелија 3:0 ( службено)

ФК Скопје АД – ФК КУЛ  2:0

ФК Струга Трим Лум – ФК Лабуништа 2011 Тетово  2:2

Во второто коло, кадетите и младинците на Кул се домаќини на Струга Трим Лум, додека пионерските екипи ќе гостуваат во Струга.