Пионерските екипи гостуваат во Струга, кадетите и младинците се домаќини на Струга Трим Лум

(ВИДЕО) Македонија ЃП-ФК КУЛ генерација 2006
10/28/2020
Меѓусебни пријателски натпревари за екипите на ФК Кул
10/30/2020

Пионерските екипи гостуваат во Струга, кадетите и младинците се домаќини на Струга Трим Лум

Екипата на Струга Трим Лум е следен противник за екипите на Кул во рамките на втората лига. Во сабота (31.10), пионерските екипи гостуваат во Струга, додека во недела (01.11) кадетите и младинците се домаќини на истиов противник.

Натпреварот на помладите пионери во сабота ќе стартува од 10:00 часот на игралиштето на ФК Влазними, додека два часа подоцна на истиов терен силите ќе ги одмерат пионерските екипи на Кул и Струга Трим Лум. Во првото коло, пионерските екипи на Кул ги добија натпреварите против екипата на Скопје. Помладите пионери на Струга Трим Лум на стартот од сезоната претрпеа пораз од ФК Лабуништа 2011 (3:1), додека пионерите победија на гостувањето во Тетово (0:2).

Во недела, најпрво на „Цементарница“ својот натпревар ќе го одиграат кадетските екипи кој ќе започне од 12:00 часот. Во 14:00 часот ќе стартува дулот на младинските екипи. Кадетите на Кул ќе се обидат да ја продолжат победничката серија, додека младинците да стигнат до првиот триумф сезонава. Генерациите 2002 и 2003 на Струга Трим Лум одиграа со нерешен резултат во првото коло.