Продолжи серијата на победи за генерација 2012 на ФК КУЛ, висок триумф во дуелот со Лепенец

Меѓусебни пријателски натпревари за екипите на ФК Кул
10/30/2020
Генерација 2007 на ФК КУЛ одигра без победник на пријателскиот дуел со Њу Старс
11/01/2020

Продолжи серијата на победи за генерација 2012 на ФК КУЛ, висок триумф во дуелот со Лепенец

ФК Кул генерација 2012 денес одигра тест-натпревар со ФК Лепенец. На дуелот кој се одигра во Балонот Кисела Вода дојдовме до лесна победа со резултат 21:2 за момците на Мики Тодоровски.


Уште во првиот дел доминиравме во сите аспекти на фудбалската игра и поведовме со шест гола повеќе. На одмор заминавме со резултат 7:1. Во вториот дел продолживме со исто темпо на овој натпревар, постигнавме двојно повеќе погодоци во овој период од дуелот. Победата ја остваривме  со 19 гола повеќе, односно со резултат 21:2.

За нас погодоци постигнаа сите осум играчи кои играа во поле, нашите голмани дозволија само по еднаш да бидат совладани бидејќи бранеа по еден период на овој натпревар. Вака изгледаат постигнатите погодоци:
Стефан Николовски (4), Михаил Динов(3), Калин Спиров (2), Стефан Шиљковски(3), Давид Николов (3), Дамјан Тодоровски(1), Кристијан Миленковски(2) и  Ангел Симоновски (3).