Генерација 2007 на ФК КУЛ одигра без победник на пријателскиот дуел со Њу Старс

Продолжи серијата на победи за генерација 2012 на ФК КУЛ, висок триумф во дуелот со Лепенец
10/31/2020
(Фотогалерија) Кадетите и младинците на КУЛ одиграа меѓусебен контролен натпревар
11/02/2020

Генерација 2007 на ФК КУЛ одигра без победник на пријателскиот дуел со Њу Старс

Попладнево на теренот„Цементарница“ пријателски натпревар против екипата на Њу Старс одигра генерацијата 2007 на ФК Кул.

Во еден интересен натпревар со многу голови, на крајот натпреварот заврши со нерешен резултат 3:3.

Тренерот Нешовски овој дуел го стартуваше со следниве 11-сетмина: Макс Хаџиќ, Душан Јовановски, Даниел Николовски, Гаврил Петановски, Стефан Пешевски, Газмен Љамалари, Лука Тасевски, Фисник Љамалари, Петар Давитов, Спасе Здравковски и Марко Попов.

Се играа две полувремиња по 35 минути, а по првиот дел домашниот тим имаше водство од 2:1. Екипата на Њу Старс прва успеа да го отвори резултатот кога го совлада нашиот голман за водство од 1:0. После негативата избраниците на Нешовски создадоа неколку прилики од кои една реализиравме за израмнување на 1:1, со голот на Марко Попов. Сепак по истекот на првото полувреме, противникот беше во предност од 2:1.

Во второто полувреме направивме целосен резултатски пресврт. Најпрво со погодокот на Фисник Љамалари израмнивме на 2:2, за прва предност на нашиот тим да донесе Спасе Здравковски за 2:3. До крајот на натпреварот, противникот не дозволи да загуби постигна гол и ги постави конечните 3:3 на овој пријателски дуел.

На овој натпревар во нашиот тим во игра беа уште Андреј Јованов, Лео Мутовиќ и Петар Сандев.