Претстојниов викенд ќе се одигра 2.коло во младинските лиги, противник е екипата на Струга Трим Лум

Дамјан Ивановски: Во Кул доживеав многу убави спомени, клубот го краси голема професионалност и сплотеност
11/04/2020
Пријателски натпревари против екипите на Тефејуз и Шкендија
11/06/2020

Претстојниов викенд ќе се одигра 2.коло во младинските лиги, противник е екипата на Струга Трим Лум

За претстојниов викенд е закажано 2.коло во младинските фудбалски лиги, откако истото беше одложено минатиот викенд. Екипите на Кул ги очекуваат натпревари против тимот на Струга Трим Лум, а веќе се одредени термините за одигрување на истите.

Најпрво во сабота (07.11), пионерските екипи ќе патуваат во Струга каде ќе гостуваат на овој противник. Помладите пионери ќе стартуваат од 10:00 часот, додека пионерите од 12:00 часот. Натпреварите ќе се одиграат на теренот на ФК Влазними.

Во недела (08.11), на теренот на „Цементарница“, кадетите и младинците на Кул се домаќини на Струга Трим Лум. Натпреварот на кадетските екипи ќе стартува од 10:00 часот, додека младинците ќе стартуваат од 12:00 часот.

Во првото коло, нашите екипи освоија 9 од максималните 12 бодови, додека Струга ТЛ собра 5 бодови.