ФК КУЛ со две победи на „контролките“ со Тефејуз

Пријателски натпревари против екипите на Тефејуз и Шкендија
11/06/2020
Помладите пионери на Кул ја победија Струга Трим Лум и стигнаа до вториот сезонски триумф
11/07/2020

ФК КУЛ со две победи на „контролките“ со Тефејуз

Денес во Балонот Кисела Вода се одиграа четири тест-напревари помеѓу екипите на ФК Кул и тимот на Тефејуз. На истите имавме половичен успех, две победи и два порази.


На првиот наппревар момците на Александар Цветковски, ФК Кул ген.2011 го совладаа Тефејуз со резултат 7:5. На одмор на оваа средба беше реми 3-3, нашите надежи прикажаа одлична игра на дуелот и дојдоа до победа на оваа тест-средба.


За тимот на Кул генерација 2011 имавме четири стрелци на овој дуел. По два пати во голот на ривалот стрелаа: Гавриловски Кристијан, Давид Кировски и Тодоровски Ангел. Еден погодок на овој дуел имаше и Лука Белевски.


На втората средба одиграна во Балонот Кисела Вода, тимот на ФК Тефејуз 2009 дојде до висока победа. Противникот успеа да ја совлада нашата екипа ФК КУЛ Кисела Вода генерација 2008 со шест гола предност.


Тие имаа повеќе од играта на оваа средба, на полувреме веќе водеа со три гола повеќе. Ние бевме поразени со резултат 7-1 на оваа средба. За нас единствениот гол на дуелот го постигна Миленковски Андреј.

Потоа ФК КУЛ Кисела Вода генерација 2008 одигра меч со истиот ривал со нивната генерација 2008. Овој напревар заврши со идентичен резултат како и претходниот.

 


Противникот дојде до победа со резултат 7-1. За нас единствениот гол го постигна Андреј Ангелковски во првиот период. Првиот дел го завршивме со минимална негатива, на одмор заминаме со резултат 1-2 за Тефејуз.


На четвртата средба дојдовме до победа со резултат 5-2. ФК Кул-Кисела Вода (2010) предводена од Маџароски беше подобар од ривалот во сите аспекти на фудбалската игра. На одмор заминавме со 2-0, стрелец на двата гола беше Огнен Јаков, нашиот голман Крстевски Младен одличен перформанс имаше и во првиот дел и на целиот дуел.


Противникот намали на 2-1 во 1.минута од вториот период, но повторно „проработе“ Огнен Јаков. Тој со нови два гола успеа да зголеми на 4-1. Од слободен удар Тефејуз намали на 4-2. По одлична акција ние ја вративме предноста од три гола, Марио Стојчевски мина еден чувар и асистираше до Ангеловски Јован кој ги постави конечните 5-2.