Помладите пионери на Кул ја победија Струга Трим Лум и стигнаа до вториот сезонски триумф

ФК КУЛ со две победи на „контролките“ со Тефејуз
11/07/2020
Пионерите иако поведоа на крајот го загубија натпреварот против Струга ТЛ
11/07/2020

Помладите пионери на Кул ја победија Струга Трим Лум и стигнаа до вториот сезонски триумф

Денес нашите пионерски екипи гостуваа во Струга кај екипата на Струга Трим Лум, во рамките на второто коло од младинските лиги.

Помладите пионери први го стартуваа натпреварот кој го добија убедливо во своја корист со резултат 1:5. На полувреме исто така бевме во предност од 1:2

Тренерот Божиноски го стартуваше натпреварот со следниве 11-сетмина: Јордан Јосифов, Стефан Симоновски, Петар Станковски, Матеј Митревски, Александар Трајчевски, Матеј Цветановски (К), Стефан Петрушевски, Максим Бундалески, Александар Богданоски, Даниел Васиќ, Борјан Наков.

Слободно можеме да кажеме дека заслужено победивме на овој дуел. Иако првиот директен удар го имаше домашниот тим, кој Јордан Јосифов успеа да го скроти, во првата наша посериозна прилика успеваме да го отвориме резултатот на 0:1. Погодокот беше дело на Максим Бундалески кој од 17.метри биеше прецизно во левиот голмански агол за наша почетна предност. Сепак нашата радост не траеше долго време, веќе во следната мешаница пред нашиот гол, Струга Трим Лум успеа да го израмни резултатот на 1:1.Тоа беше се од противникот на овој натпревар, а момците на Божиноски можеа бргу да го вратат водството, откако Александар Богданоски после нафрлена топка од Петрушевски, немаше среќа кога биеше со глава, но топката ја погоди пречката. Имавме поголем посед на топка и продолживме да креираме акции за погодок. После еден прекин, капитенот Цветановски нафрли топка во противничкиот шеснаесетник, на вистинското место се најде Александар Трајчевски кој донесе предност на Кул од 1:2. Ќе ги одбележиме обидите на Васиќ и Цветановски кои шутираа од голема далечина, сепак немаше промена на резултатот. Само за момент се обиде домаќинот, нивниот удар оди крај нашиот гол, а добра акција направи нашиот состав кога Богданоски и Цветановски проиграа до Петрушевски кој не успеа да погоди. Последната шанса во првиот дел ја имавме преку Богданоски кој на асистенција од Васиќ, биеше од прва, но ударот го одбрани противничкиот голман. На полувреме се замина со резултат 1:2

На стартот од второто полувреме имавме голема шанса да го зголемиме водството. Борјан Наков се најде во одлична позиција, откако добро беше проигран од Матеј Цветановски, сепак со одлична интервенција на голманот, резултатот остана непроменет. Интересно, во следната акција учествуваа истите наши играчи, овој пат Наков реализира и носи водство од 1:3. После овој погодок се беше полесно на теренот, умешно ја држевме топката во наш посед, додека противникот не создаде ниту една сериозна прилика кон нашиот гол. Во следната акција во листата на стрелци се запиша и Александар Богданоски, кој после една мешаница во шеснаесетникот сам се избори за позиција, беше упорен и постигна гол за веќе предност од 1:4. Тренерот Божиноски Саше веднаш направи пет измени, во игра влегоа Андреј Стојановски, Матеј Стојановски, Константино Горгиовски, Александар Блажевски и Горјан Ѓорѓиевски.

Токму нововлезениот Горјан Ѓорѓиевски успеа да се запише во листата на стрелци, откако доби топка од Васиќ, нашиот Гого со одлично фудбалско чувство од прва биеше, топката заврши во мрежата на домашниот тим. Конечниот резултат гласеше 1:5.

Честитки до нашиот тим за играта и за вториот сезонски триумф во втората помлада пионерска лига.