Пионерите иако поведоа на крајот го загубија натпреварот против Струга ТЛ

Помладите пионери на Кул ја победија Струга Трим Лум и стигнаа до вториот сезонски триумф
11/07/2020
(ФОТО) Генерациите 2008 и 2009 денес во Тетово одиграа контролни натпревари со екипата на Шкендија
11/07/2020

Пионерите иако поведоа на крајот го загубија натпреварот против Струга ТЛ

Во рамките на второто коло од пионерската втора лига, пионерите на Кул загубија на гостувањето кај екипата на Струга Трим Лум. Иако први успеавме да го отвориме резултатот, сепак противникот направи пресврт и на крајот триумфираше со резултат 3:1.

Стартниот состав на ФК Кул: Мартин Цветковски, Лука Мицевски, Владимир Стефановиќ, Никола Крстевски, Марко Мицевски, Бојан Јанкулоски, Јован Митревски, Филип Стајковиќ (К), Љубомир Стојановски, Андреј Стојаноски, Рамадан Кадриовски. 

Првите директни удари на овој натпревар ги имаше домаќинот, но истите не претставуваа опасност кон нашиот гол, додека кај нас се закани Кадриовски, но топката беше лесен плен за голманот на Струга ТЛ. Добро го отворивме натпреварот кога Бојан Јанкулоски после едно невнимание на противничката одбрана успеа да го совлада нивниот голман и да донесе предност од 0:1. Иако противничкиот чувар на мрежата интервенираше, сепак топката заврши во мрежата за наша предност. Наместо да не подигне погодокот и да играме подобро во продолжение од дуелот, ние целосно застанавме без идеја во играта, а противникот тоа умешно го казнуваше.

Едноставно од три удари кон нашиот гол успеаа да постигнат исто толку голови и да го решат победникот на овој дуел. Најпрво од прекин успеаа да израмнат откако не се поставивме добро, беше совладан Цветковски за израмнување на 1:1. После еден прекршок во нашиот шеснаесетник, главниот судија се реши да покаже на белата точка, Струга Трим Лум реализира за прва предност на дуелот од 2:1. Несфатлив пад во нашата игра, до крајот на првите 45 минути дозволивме уште еден погодок во нашата мрежа. Еден од противничките играчи со лоб удар успеа да го совлада нашиот голман кој излезе на една топка, тоа значеше и негатива од 3:1, резултат со кој заврши и полувремето на теренот на ФК Влазними.

Направивме неколку измени во вториот дел, но истите не дадоа резултат, едноставно бевме отсечени, а домаќинот без поголеми тешкотии ја одржа предноста до крајот на натпреварот. Во втората половина од натпреварот создавовме шанса преку Владица Стефановиќ, кој влезе во шеснаесетникот. биеше но добро одбрани голамнот и спаси намалување на резултатот. Во игра влегоа Матеј Здравковски, Михаил Стаменковски, Антони Динов и Мартин Ацевски. На десет минути пред крајот на натпреварот имавме голема шанса да се вратиме во игра. После нафрлена топка од корнер на Кадриовски, највисок во скок беше Јован Митревски кој од непосредна близина не успеа да погоди. До крајот на натпреварот немаше големи возбудувања, натпреварот заврши со резултат 3:1

Ова е прв пораз за пионерите на Кул сезонава, откако во првото коло на домашен терен ја победија екипата на Скопје.