(ФОТО) Генерациите 2008 и 2009 денес во Тетово одиграа контролни натпревари со екипата на Шкендија

Пионерите иако поведоа на крајот го загубија натпреварот против Струга ТЛ
11/07/2020
(Фотогалерија) ФК Кул генерација 2011 го совлада Тефејуз
11/08/2020

(ФОТО) Генерациите 2008 и 2009 денес во Тетово одиграа контролни натпревари со екипата на Шкендија

Денес во Тетово, ФК КУЛ одигра два тест-наtпревари со екипата на ФК Шкендија. Ние гостувавме кај тетовчани со селекциите 2008 и 2009, постигнувајќи една победа и еден пораз.

ФК Кул генерација родени 2009 дојдоа до победа кај тимот на Шкендија со пресврт во вториот дел. На полувреме заминавме со минимална негатива иако напаѓавме со сите сили за да погодиме. Имавме неколку шанси во овој период од натпреварот, но сепак не успеавме да го пронајдеме патот до противничката мрежа. Домашниот тим на пауза замина со предност од 1:0.

Во вториот дел нашите момци тргнаа во офанзива и најпрвин дојдоа до резултатска симетрија со голот на Филип Дукоски. После неколку создадени шанси погодивме преку Јован Гиевски за резултатски пресврт и водство од 1:2, резултат со кој дојдовме до победа на оваа тест-средба. Одлично одиграа сите момци, создавајќи серија на шанси, од кои две реализиравме за пресврт. На нашиот гол денес одлични беа Марко  Кочков и Божидар Георгиевски.

Тимот на ФК Шкендија генерација 2008 година дојде до победа над нашата екипа со резултат 5-2. На овој дуел помеѓу екипата од Тетово и ФК Кул генерација 2008 видовме дури шест гола во првиот период.

На пауза заминавме со негатива од два гола, Шкендија го доби овој период со резултат 4-2. Во вториот дел домаќинот со еден погодок ги постигна конечните 5-2. За нас погодија двајца играчи на овој дуел, Павел Ристески погоди за израмнување на 1:1, додека Никола Динов постигна гол за намалување на 4:2.

Честитки за екипите на Кул и Шкендија за прикажаната игра и одличните натпревари.