Екипите на Кул освоија 7 бодови во дуелите со Струга ТЛ, комплетни резултати од 2.коло во сите младински лиги

(Фотогалерија) Пораз за пионерите на Кул на гостувањето кај Струга ТЛ
11/09/2020
(Фотогалерија) ФК КУЛ одигра реми со Струга ТЛ на младинската средба
11/10/2020

Екипите на Кул освоија 7 бодови во дуелите со Струга ТЛ, комплетни резултати од 2.коло во сите младински лиги

Изминатиов викенд се одигра 2.коло во младинските лиги, екипите на Кул освоија 7 бодови во дуелите со екипата на Струга Трим Лум. Победи забележаа помладите пионери и кадетите, младинците одиграа со нерешен резултат, додека единствено пионерите не успеаа да освојат бодови во дуелите со овој противник.

Помладите пионери ја оправдаа улогата на фаворит и без поголеми проблеми ја победија екипата на Струга ТЛ, на натпревар на кој ние гостувавме. Конечниот резултат гласеше 1:5, што се однесува до листата на стрелци во истата се запишаа Максим Бундалески, Александар Трајчевски, Борјан Наков, Александар Богданоски и Горјан Ѓорѓиевски.

Пионерите на Кул иако први стигнаа до предност на дуелот, сепак не успеаа на крајот да освојат бодови. Поведовме со голот на Бојан Јанкулоски, но до истекот на првите 45 минути, противникот постигна три гола и направи резултатски пресврт на натпреварот кој заврши со резултат 3:1.

Комплетни резултати од 2.коло во помладата пионерска лига:

ФК Лабуништа 2011 Тетово – ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци  9:0

ФК Струга Трим Лум – ФК Кул  1:5

ФК Скопје АД – ФК Кожув Гевгелија  15:0

ФК Силекс АД – ФК Куманово 2012  0:1

ФК Борец 1919 АД – ФК Беласица АД  0:2

Комплетни резултати од 2.коло во пионерската лига:

ФК Лабуништа 2011 Тетово – ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци  5:0

ФК Струга Трим Лум – ФК Кул  3:1

ФК Скопје АД – ФК Кожув Гевгелија  12:0

ФК Силекс АД – ФК Куманово 2012  0:2

ФК Борец 1919 АД – ФК Беласица АД  3:3

Кадетите со службен резултат (3:0) го добија противникот, кој не допатува на натпреварот кој требаше да се одигра на Цементарница. Својот дуел го одиграа младинските екипи на Кул и Струга ТЛ кои ги поделија бодовите, играјќи со нерешен резултат 1:1. Го отворивме резултатот со голот на Филип Јаневски, но гостинот врати на ист начин, постигна гол за 1:1 со кој и заврши натпреварот од 2.коло во младинската втора лига.

Комплетни резултати од 2.коло во кадетската лига:

ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци – ФК Лабуништа 2011 Тетово  3:2

ФК Кул – ФК Струга Трим Лум  3:0 ( службено)

ФК Кожув Гевгелија – ФК Скопје АД  0:2

ФК Куманово 2012 – ФК Силекс АД  3:0

ФК Беласица АД – ФК Борец 1919 АД  4:3

Комплетни резултати од 2.коло во младинската лига:

ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци – ФК Лабуништа 2011 Тетово  0:3  (службено)

ФК Кул – ФК Струга Трим Лум  1:1 ( службено)

ФК Кожув Гевгелија – ФК Скопје АД  3:2

ФК Куманово 2012 – ФК Силекс АД  4:0

ФК Беласица АД – ФК Борец 1919 АД  6:0

Во следното 3.коло, пионерските екипи се домаќини на ФК Лабуништа, додека кадетите и младинците ќе гостуваат во Тетово на истиов противник.