(ТАБЕЛИ) Пом.пионери и кадетите се лидери во лигата

(Фотогалерија) ФК КУЛ одигра реми со Струга ТЛ на младинската средба
11/10/2020
Пионерските екипи се домаќини на Лабуништа 2011 Тетово, кадетите и младинците гостуваат во Тетово
11/12/2020

(ТАБЕЛИ) Пом.пионери и кадетите се лидери во лигата

После две одиграни кола во младинските лиги, ги имаме табелите во сите четири категории. Помладите пионери и кадетите на Кул се наоѓаат на врвот на табелата со максимални шест освоени бодови.

Помладите пионери на Кул заедно со екипите на Лабуништа 2011 Тетово и Куманово 2012 се единствените кои имаат освоено шест бодови во помладата пионерска лига.

Пионерите имаат половичен успех од една победа и пораз и со три бодови се наоѓаат на средината на табелата. Во пионерската втора лига лидери се екипите на Струга Трим Лум и Куманово 2012.

Кадетите на Кул се лидери во својата лига, со две победи од исто толку одиграни натпревари, додека ГФК Тиквеш Кавадарци е вториот тим кој има максимален број на освоени бодови.

Младинците после две одиграни кола се наоѓаат на претпоследното место со еден освоен бод, додека лидер во младинската лига е екипата на Беласица.