Успешно коло за младите надежи на ФК Кул, освоени максимални 12 бодови

(Фотогалерија) Убедлив триумф за пионерите на ФК Кул
11/16/2020
(Фотогалерија) ФК КУЛ генерација 2010 и 2011 на мегдан со Милано
11/16/2020

Успешно коло за младите надежи на ФК Кул, освоени максимални 12 бодови

Младинските екипи на ФК Кул имаа успешно 3.коло. Изминатиов викенд тие одиграа натпревари со екипата на Лабуништа 2011 Тетово, кои ги добија во своја корист. На четири дуели со овој противник освоивме максимални 12 бодови.

Помладите пионери стигнаа до уште една лесна победа. На „Цементарница“ момците на Божиноски убедливо со резултат 5:0 ги победија врсниците од Тетово. По два гола беа дело на Александар Богданоски и Антони Динов, додека еден постигна Стефан Петрушевски.

Комплетни резултати од третото коло во помладата пионерска лига:

ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци – ФК Борец 1919 АД  2:5

ФК Беласица АД – ФК Силекс АД  5:0

ФК Куманово 2012 – ФК Скопје АД  2:2

ФК Кожув Гевгелија – ФК Струга Трим Лум  0:7

ФК Кул – ФК Лабуништа 2011 Тетово  5:0

До втор триумф сезонава стигнаа и нашите пионери, кои со идентични 5:0 ја победија екипата на Лабуништа Тетово. Противникот имаше сила за надигрување само едно полувреме, кога имавме минимално водство од 1:0. Во вториот дел дојде до израз нашата физичка подготовка, период во кој постигнавме уште четири голови. Два од нив беа дело на Бојан Јанкулоски, додека по еден гол запишаа Јован Митревски, Љубомир Стојановски и Филип Стајковиќ.

Комплетни резултати од третото коло во пионерската лига:

ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци – ФК Борец 1919 АД  3:3

ФК Беласица АД – ФК Силекс АД  1:0

ФК Куманово 2012 – ФК Скопје АД  3:0 ( службено)

ФК Кожув Гевгелија – ФК Струга Трим Лум  0:9

ФК Кул – ФК Лабуништа 2011 Тетово  5:0

Максималниот ефект после три одиграни кола го задржаа и нашите кадети. Избраниците на Един Нурединоски со голови во последните минути од дуелот стигнаа до победа (0:2). Томи Станковски го има сигурно најубавиот гол на колото, со директен удар од корнер го совлада противничкиот голман, додека „печат“ на победата стави Богданоски.

Комплетни резултати од третото коло во кадетската лига:

ФК Борец 1919 АД – ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци  1:1

ФК Силекс АД – ФК Беласица АД  2:3

ФК Скопје АД – ФК Куманово 2012  4:1

ФК Струга Трим Лум – ФК Кожув Гевгелија  1:0

ФК Лабуништа 2011 Тетово – ФК Кул  0:2

Честитки и до нашите младинци кои успеаа да ја забележат првата победа сезонава. На гостувањето кај Лабуништа Тетово нашите момци победија со пресврт (1:2), откако противникот прв успеа да го отвори резултатот. Головите за три бода беа дело на Марко Ѓорѓиевски и Христијан Јованов.

Комплетни резултати од третото коло во младинската лига:

ФК Борец 1919 АД – ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци  1:0

ФК Силекс АД – ФК Беласица АД  5:5

ФК Скопје АД – ФК Куманово 2012  3:1

ФК Струга Трим Лум – ФК Кожув Гевгелија  2:1

ФК Лабуништа 2011 Тетово – ФК Кул  1:2

Екипата на ГФК Тиквеш Кавадарци ќе биде следниот противник за младите надежи на Кул. Пионерските екипи се домаќини, додека кадетите и младинците ќе патуваат во Кавадарци.