Табели во сите четири младински лиги, две генерации на Кул се наоѓаат на врвот

(Фотогалерија) Младинците со резултатски пресврт стигнаа до првата победа сезонава
11/17/2020
(ВИДЕО) Најинтересните моменти и головите од триумфот на помладите пионери
11/18/2020

Табели во сите четири младински лиги, две генерации на Кул се наоѓаат на врвот

Младинските екипи на ФК Кул имаа успешно 3.коло, во кое успеаа да освојат максимални 12 бодови во дуелите со екипата на Лабуништа 2011 Тетово.

После ова коло, помладите пионери и кадетите се наоѓаат на првото место на табелата.

Помладите пионери го задржаа стопроцентниот ефект во лигата и после третиот одигран натпревар. Нашиот тим е единствен со максимални 9 освоени бодови во оваа возрасна категорија.

ТАБЕЛА ВО ПОМЛАДАТА ПИОНЕРСКА ЛИГА

Пионерите се вратија на победите, вкупно втора сезонава за оваа генерација. Со 6 освоени бодови се наоѓаме на 4.место на табелата.

ТАБЕЛА ВО ПИОНЕРСКАТА ЛИГА

Со максимален број на освоени бодови остануваат и кадетите на Кул, кои после 3.коло се осамени на врвот на табелата.

ТАБЕЛА ВО КАДЕТСКАТА ЛИГА 

Одличното и перфектно 3.коло го заокружија и нашите младинци кои ја забележаа првата победа сезонава. Со 4 бодови нашиот состав се наоѓа на 6.место.

ТАБЕЛА ВО МЛАДИНСКАТА ЛИГА