Пионерските екипи домаќини на ГФК Тиквеш, кадетите и младинците гостуваат во Кавадарци

(Фотогалерија) ФК КУЛ генерација 2008 и 2009 „тестираа“ со Милано
11/19/2020
Висока победа за ФК КУЛ генерација 2006 на „тестот“ со Скупи
11/21/2020

Пионерските екипи домаќини на ГФК Тиквеш, кадетите и младинците гостуваат во Кавадарци

Во рамките на 4.коло во младинските лиги, нашиот клуб за противник ја има екипата на ГФК Тиквеш Кавадарци.

Пионерските екипи во недела (22.11) на „Цементарница“ се домаќини на ГФК Тиквеш. Дуелот на помладите пионери ќе стартува од 12:00 часот, додека натпреварот на пионерските екипи ќе започне од 14:00 часот. После три одиграни кола, помладите пионери на Кул имаат максимални 9 освоени бодови, додека противникот освои 3 бодови. Во пионерската лига, Кул котира на 4.место со вкупно 6 бодови, додека ГФК Тиквеш после три кола има само 1 освоен бод.

Најинтересно се очекува да биде на кадетскиот натпревар на овие две екипи. Се работи за дуел на првите две пласирани екипи на табелата во кадетската лига. Нашиот Кул кој има 9 бодови и вториот тим на табелата, ГФК Тиквеш кој собра 7 бодови. Нивниот натпревар во сабота ќе започне од 10:00 часот. Во младинската лига, единствена екипа која се уште нема освоено ниту еден бод е токму Тиквеш Кавадарци, додека Кул на три натпревари освои 4 бодови. Дуелот на младинците ќе стартува од 12:00 часот, истите ќе се одиграат на теренот на ФК Марена во сабота.