Висока победа за ФК КУЛ генерација 2006 на „тестот“ со Скупи

Пионерските екипи домаќини на ГФК Тиквеш, кадетите и младинците гостуваат во Кавадарци
11/20/2020
Давитов со пет гола најистакнат во победата на ФК КУЛ генерација 2007 над Скупи
11/21/2020

Висока победа за ФК КУЛ генерација 2006 на „тестот“ со Скупи

Денес избраниците на Саше Божиноски, ФК КУЛ генерација 2006 беа домаќини на ФК Скупи на тест-дуел. На напреварот кој се одигра на теренот „Локомотива“ дојдовме до висока победа со резултат 4:1 (1:0).

Стартниот состав на Кул: Кристијан Рајевски, Петар Лазовски, Симона Меијер, Петар Трпевски, Матеј Стојановски, Константино Горгиовски, Олег Михајловски, Марко Блажовски, Антони Динов, Јован Бошнаков и Стефан Душкоски.

Првиот дел ни припадна во целост, ние доминиравем во сите аспекти на фудбалската игра. Поведовме со 1-0, резултат кој се покажа како конечен за првиот дел преку Стефан Душкоски, тој стрелаше за наше водство. Потоа се заканувавме со цел да ја удвоиме предноста, две големи прилики не претворивме во погодок. Најпрвин се закани Антони Динов, потоа и Олег Михајловски имаше шанса која не ја претвори во гол. Последен сериозен обид на само минута пред крајот на првиот дел имаше Константино Горгиовски, тој со глава од 5.метра шутна над голот на противникот. На пауза заминавме со минимална предност.

Вториот дел започна лошо за нас, по само две минути противникот ја анулираше нашата предност и изедначи на 1-1 по една добра акција. Ние тргнавме во офанзива со цел да ја вратиме предноста, на сцена стапи нововлезениот Никола Јовановски. Тој најпрвин не реализираше две шанси, во третата успеа да стрела за предност од 2-1.  Веднаш по тој погодок, веќе во следната акција топката дојде до Антони Динов, нашиот играч одлично ја мина одбраната и погоди за предност со 3-1. Победата беше обезбедена по тој погодок, истата на 1.минута до крајот ја „потврди“ Никола Јовановски, кој стрелаше за конечните 4-1 на овој тест-напревар.

На теренот ги видовме и Александар Василев, Дамјан Спасовски, Никола Јовановски, Мики Илиев, Марко Костовски,  и Јаков Николовски.