Давитов со пет гола најистакнат во победата на ФК КУЛ генерација 2007 над Скупи

Висока победа за ФК КУЛ генерација 2006 на „тестот“ со Скупи
11/21/2020
Четврта последователна победа за кадетите на ФК Кул, три бодови во дуелот со ГФК Тиквеш
11/21/2020

Давитов со пет гола најистакнат во победата на ФК КУЛ генерација 2007 над Скупи

Избраниците на Нешовски , ФК КУЛ генерација 2007 на доминантен начин дојдоа до победа над ФК Скупи на тест-напревар. Нашите играчи успеаа да победат на напреварот кој се играше на тренерот „Локомотива“  со високи 10:0 ( 6:0).

Тренерот Нешовски стартуваше со следниве 11-сетмина: Јован Ѓоргиески, Михаил Крстески, Гаврил Петановски, Душан Јовановски, Лео Мутовиќ, Спасе Здравковски, Газмен Љамалари, Лука Тасевски, Фисник Љамалари, Стефан Бранковски и Петар Давитов.

Нашите момци тргнаа офанзивно по првата судиска свирка, и веќе по 10.минути поведовме со високи 3-0. Прв гол за нас постигна Петар Давитов. Веднаш потоа и ја удвоивме  предноста, за 2-0 погоди Фисник Љамалари. Нашата доминација беше очигледна, напаѓавме и дојдовме до трет гол, за 3-0 стрелец беше Стефан Бранковски. ФК Кул имаше повеќе од играта во поле, ние бевме тие кој го диктиравме темпото на овој напревар. Поведовме и со 4-0 преку  Лука Тасевски, тој со лоб од 20 метра го изненади противничкиот голман.  Во финишот на сцена стапи, Петар Давитов ,кој со два погодока успеа да ги постави конечните 6-0 за првиот период.

Вториот дел имаше исто течение како и првиот период, за кратко повторно погодивме. Поведовме со 7-0 преку Фисник Љамалари, потоа голема шанса не реализираше Бранковски. Нашиот тренер во игра го уфрли целиот ростер кој го имаше на клупата во тој момент. Сепак ние и понатака имавме ритам и напаѓавме. Во вториот дел на нашиот гол влезе Јованов, кој имаше неколку одлични одбрани помеѓу кој и еден пенал. По одбранетиот пенал Давитов и Стефан Бранковски ги казнија гостите и стрелаа па ние поведовме со високи 9-0. Со неговиот петти гол на оваа средба, Петар Давитов ги постави конечните 10-0. Тој одлично изведе пенал на 3.минути до крајот на овој натпревар.

Во игра на натпреварот влегоа уште и Андреј Јованов, Даниел Николовски, Стефан Крстановски, Даниел Ролевски, Петар Сандев и Андреј Русовски.