Четврта последователна победа за кадетите на ФК Кул, три бодови во дуелот со ГФК Тиквеш

Давитов со пет гола најистакнат во победата на ФК КУЛ генерација 2007 над Скупи
11/21/2020
Нов триумф за младинците на Кул, нашите надежи беа подобри од екипата на ГФК Тиквеш
11/21/2020

Четврта последователна победа за кадетите на ФК Кул, три бодови во дуелот со ГФК Тиквеш

Денес во Кавадарци, кадетите на ФК Кул стигнаа до победa во дуелот со екипата на ГФК Тиквеш. Нови бодови за нашите млади надежи, кои денес излегоа како победници на натпревар од 4.коло

Кадетите на ФК Кул успеаа да стигнат и до четвртата последователна победа сезонава, а втор пат стигнуваме до триумф изразен со резултат 1:2, односно на две досегашни гостувања нашите кадети победија со ваков резултат.

Тренерот Нурединоски започна со следниов состав: Андреј Ројчинов, Дамјан Ивановски, Стефан Јовановски, Стефан Здравески (К), Марко Ѓорѓиевски, Никола Николов, Томи Станковски, Бојан Ристески, Дамјан Ивановски, Филип Јаневски и Ангел Петрушевски

Уште во втората минута од дуелот успеавме да го отвориме резултатот на 0:1, со погодокот на Марко Ѓорѓиевски. Нашиот напаѓач успеа да ја погоди противничката мрежа, после одличен центар шут од Томи Станковски. Овој резултат се покажа и како актуелен по завршување на првите 45 минути. Иако ние имавме уште неколку добри шанси во првиот дел, сепак на одмор заминавме со минимално водство.

Во 46 и 49.минута нашиот тренер направи две измени. Во игра влегоа Мартин Цветковски и Дамјан Манајловски, на местото на Андреј Ројчинов и Дамјан Ивановски. По само три минути игра во второто полувреме, домашниот тим успеа да го израмни резултатот на 1:1. Сепак, тоа не не обезхрабри, бевме решителни и на овој дуел да стигнеме до бодовите. Шанси имавме преку Николов, Станковски, Здравески и Петрушевски, но не сакаше среќата во завршната реализација. Трета измена кај нас, Бојан Јанкулоски влезе на местото на Ангел Петрушевски. Во 82.минута од натпреварот успеваме иницијативата да ја претвориме во погодок, а повторно „кобен“ за противничките екипи се покажа Томи Станковски, кој успева да постигне гол и да ни донесе водство од 1:2. До крајот на натпреварот мирно ја држевме топката во наш посед и не му дозволивме на Тиквеш посериозно да се закани кон нашиот гол. Натпреварот заврши со резултат 1:2.

Кадетите на Кул имаат максимални 12 освоени бодови во првите четири кола.