Резултати од 4.коло во младинските лиги, екипите на Кул повторно освоија максимален број на бодови

(Фотогалерија) Најубедлива победа сезонава за генерација 2005
11/23/2020
(Фотогалерија) Генерацијата 2004 на Кул подобра од екипата на Тиквеш
11/24/2020

Резултати од 4.коло во младинските лиги, екипите на Кул повторно освоија максимален број на бодови

Младинските екипи на ФК Кул освоија максимални 12 бодови во дуелите со ГФК Тиквеш Кавадарци, во рамките на четвртото коло кое се одигра изминатиов викенд.

Полесно од очекувањата, помладите пионери на Кул стигнаа и до четвртиот сезонски триумф откако на „Цементарница“ со високи 13:0 ја победија екипата на Тиквеш.

Комплетни резултати од 4.коло во помладата пионерска лига:

ФК Кул – ГФК Тиквеш Кавдарци 1930  13:0

ФК Лабуништа 2011 Тетово – ФК Кожуф Гевгелија  9:0

ФК Струга Трим Лум – ФК Куманово 2012  2:0

ФК Скопје АД – ФК Беласица АД   8:2

ФК Силекс АД – ФК Борец  1919 АД  2:0

До трета победа стигнаа и пионерите на Кул. Тука противникот даде посилен отпор, дури имаше и бод во „ракав“ но нашите надежи сепак успеаа на крајот да се радуваат. Победата беше изразена со резултат 2:1, откако на полувреме имавме водство од 1:0.

Комплетни резултати од 4.коло во пионерската лига:

ФК Кул – ГФК Тиквеш Кавдарци 1930  2:1

ФК Лабуништа 2011 Тетово – ФК Кожуф Гевгелија  2:0

ФК Струга Трим Лум – ФК Куманово 2012  4:1

ФК Скопје АД – ФК Беласица АД   3:1

ФК Силекс АД – ФК Борец  1919 АД  3:2

Вкупно четврта победа и за нашите кадети. На гостувањето во Кавадарци, славевме со резултат 1:2.

Комплетни резултати од 4.коло во кадетската лига:

ГФК Тиквеш Кавардарци – ФК Кул  1:2

ФК Кожуф Гевгелија – ФК Лабуништа 2011 Тетово  2:1

ФК Куманово 2012 – ФК Струга Трим Лум  3:0

ФК Беласица АД – ФК Скопје АД  3:0

ФК Борец 1919 АД – ФК Силекс АД  3:1

До нови три, вкупно седум бодови сезонава за нашите младинци. Втора победа во серија, овој пат на гостувањето кај Тиквеш победивме со резултат 0:2.

Комплетни резултати од 4.коло во младинската лига:

ГФК Тиквеш Кавардарци – ФК Кул  0:2

ФК Кожуф Гевгелија – ФК Лабуништа 2011 Тетово  0:0

ФК Куманово 2012 – ФК Струга Трим Лум  1:1

ФК Беласица АД – ФК Скопје АД  2:1

ФК Борец 1919 АД – ФК Силекс АД  1:0