Кул против Македонија Ѓ.П во 1/8 финалето од Купот на Македонија

Табели во сите четири младински лиги
11/24/2020
Помладите пионери на Кул успешно ја поминаа првата „пречка“ во националниот Куп, со високата победа над Македонија Ѓ.П се пласиравме во осумте најдобри
11/25/2020

Кул против Македонија Ѓ.П во 1/8 финалето од Купот на Македонија

Генерациите 2002, 2003, 2004 и 2005 во претстојниве два дена ќе ги одиграат натпреварите од 1/8 финалето во Купот на Македонија. Противник е екипата на Македонија Ѓ.П

Утре (25.11) своите натпревари ќе ги одиграат пионерските екипи. Најпрво од 11:00 часот својот дуел ќе го одиграат помладите пионери, додека од 13:00 часот ќе стартува и натпреварот на пионерските екипи.

Во четврток (26.11) кадетите и младинците ќе гостуваат на Македонија Ѓ.П. Натпреварите ќе стартуваат во термините од 10:00 и 12:00 часот.

Патникот во следната рунда ќе биде познат по само еден одигран натпревар.