Помладите пионери на Кул успешно ја поминаа првата „пречка“ во националниот Куп, со високата победа над Македонија Ѓ.П се пласиравме во осумте најдобри

Кул против Македонија Ѓ.П во 1/8 финалето од Купот на Македонија
11/24/2020
После изведување на удари од белата точка, пионерите на Кул загубија од Македонија Ѓ.П, во 1/8 финалето од Купот
11/25/2020

Помладите пионери на Кул успешно ја поминаа првата „пречка“ во националниот Куп, со високата победа над Македонија Ѓ.П се пласиравме во осумте најдобри

Помладите пионери на ФК КУЛ се пласираа во 1/4 финалето од Купот на Македонија. На „Цементарница“ момците на Божиноски ја поминаа првата пречка во Купот на Македонија, совладувајќи го високо тимот на Македонија Ѓ.П. Конечниот резултат на дуелот гласеше 7:0.

Стартниот состав на Кул: Јордан Јосифов, Александар Трајчевски, Матеј Митревски, Петар Станковски, Стефан Симоновски, Матеј Цветановски (К), Максим Бундалески, Даниел Васиќ, Борјан Наков, Стефан Петрушевски и Александар Богданоски.

Во првото полувреме видовме целосна иницијатива на нашиот тим, односно голот на Македонија Ѓ.П беше речиси „окупиран“. Имавме голем број на шанси во првите 45 минути од кои две успеавме да ги претвориме во погодок. Првата прилика ја имаше Васиќ кој биеше над гол, на повратна топка од Богданоски. Од слободен удар од некаде 18 метри  се обиде Максим Бундалески, но голманот на Македонија Ѓ.П немаше потреба да реагира. Мора да истакнеме дека противничкиот чувар на мрежата, Штериовски беше најзаслужен што неговата екипа немаше поголема негатива во првиот дел. Продолжи нашата иницијатива, се обидувавме да дојдеме до водство. Првата голема шанса ја имаше Богданоски, кој доби топка од Бундалески, во противничкиот шеснаесетник, биеше во завршниот удар, но гостинскиот голман му влезе во ударот и успешно одбрани. Прашање на време беше само кога ќе биде отворен резултатот. За одбележување се и ударите со глава во шеснаесетникот на противникот, најпрво се обиде Бундалески на нафрлена топка од Трајчевски, како и нашиот стопер Станковски кој од непосредна близина не успева да го совлада голманот на гостите, се уште немаше промена на резултатот.

Пред да падне првиот гол во шанса се најде и Наков, но повторно поуспешен голманот на Ѓорче. Во следните три минути успеавме да постигнеме два гола. Резултатот за 1:0 го отвори Стефан Петрушевски кој најдобро се снајде во противничкиот шеснаесетник, небранет од никого погоди од прва, на асистенција од Трајчевски  Не поминаа ниту три минути од почетната предност, кога успеваме да погодиме и по втор пат. Овој пат во листата на стрелци се запиша Максим Бундалески, кој после добра акција стрелаше за 2:0, на асистенција од Богданоски. До крајот на првиот дел немаше друга прилика, па на краток одмор се замина со водство од 2:0.

На стартот од вториот дел, екипата на Кул успеа да го зголеми резултатот на 3:0. Стрелец на голот беше Александар Богданоски кој погоди со глава после нафрлена топка од десната страна на Петрушевски. Избраниците на Саше Божиноски го диктираа темпото на игра и во вториот дел од натпреварот, не дозволувајќи на противничкиот тим да направи посериозна шанса кон нашиот гол. Во следната акција во листата на стрелци се запиша и Матеј Митревски. Нашиот играч беше најприсебен после нафрлување од корнер на Петрушевски, најпрво биеше Станковски, голманот одбрани, на одбиената топка Митревски ја вметна топката во мрежа за предност од 4:0. Во игра влегоа Петар Трпевски и Александар Блажески. Александар Богданоски имаше нова шанса да псотигне гол, откако се сам направи, се ослободи од неколку противнички играчи, во завршниот удар биеше, но голманот на противникот го одбрани неговиот удар.

Резултатот го зголемивме на 5:0, после голема грешка на противничкиот чувар на мрежата, на кој му испадна топката од раце, тоа го искористи Стефан Петрушевски. Противникот во овој дел од дуелот не упати ниту еден удар кон нашиот гол. Нови измени во нашите редови, на теренот ги видовме и Стефан Душкоски и Матеј Стојановски. Токму нововлезениот Душкоски се запиша во листата на стрелци на овој куп натпревар, откако асистираше Симоновски, за зголемување на 6:0. Во последните минути од дуелот, за уште поголема победа се погрижи Стефан Душкоски кој со својот втор гол ги постави конечните 7:0 на овој 1/8 финален дуел во Купот на Македонија.

Помладите пионери со овој триумф обезбедија пласман во најдобрите осум екипи во ова натпреварување.