Кадетите и младинците на Кул ги завршија настапите во Купот

(Фотогалерија) Со победата над Македонија Ѓ.П, пом.пионери ќе играат во 1/4 финалето на Купот
11/26/2020
Контролни натпревари за младите надежи на ФК Кул кои се закажани за претстојниов викенд
11/27/2020

Кадетите и младинците на Кул ги завршија настапите во Купот

Денес на теренот со вештачка трева во Ѓорче, своите натпревари од 1/8 финалето во Купот ги одиграа кадетите и младинците на Кул против екипата на Македонија Ѓ.П

Кадетите го загубија својот натпревар со резултат 2:0. Головите паднаа во првото полувреме. Истите беа дело на Михаил Јакимовски во 7 минута и на Андреј Чочов во 35 минута.

Примивме два наивни гола, што на крајот не чинеа и елиминација од натпреварите во Купот. Во првиот дел поседот на топка беше израмнет, додека ние имавме шанса преку Никола Николов кој биеше на нафрлена топка од Ѓорѓиевски, како и на Стефан Здравески кој шутираше во противничкиот шеснаесетник, но одбрани голманот на домашниот тим. Во првиот дел прилика имаше и Марко Ѓорѓиевски кој со глава биеше крај стативата, после центар шут од слободен удар.

Во вториот дел исто така имавме прилика да се вратиме во игра, најзрелата шанса ја имаше нововлезениот Филип Стајковиќ кој биеше со глава, на нафрлена топка од Здравески, но голманот на Ѓорче не дозволи да биде совладан.

Стартниот состав на Кул: Мартин Цветковски, Дамјан Ивановски, Стефан Јованоски, Стефан Здравески (К), Марко Ѓорѓиевски, Никола Николов, Томи Станковски, Бојан Ристески, Дамјан Ивановски, Филип Јаневски, Ангел Петрушевски.

Во игра на натпреварот влегоа уште и Филип Кузмановски, Филип Стајковиќ, Дамјан Манојловски, Леонид Стојчевски и Борјан Наков.

Младинците службено го загубија дуелот со врсниците од Македонија Ѓ.П.

Помладите пионери ќе го продолжат патот во ова натпреварување, додека со останатите генерации треба да ја исполниме целта која ја поставивме пред почетокот на новата сезона, а тоа е пласман во најсилната супер лига.