Куманово го совлада ФК КУЛ генерација 2009 и 2011 со минимални 2:1

Реми на гостувањето за ФК КУЛ генерација 2008 кај Куманово
11/28/2020
(Фотогалерија) Младинците подобри од екипата на Кожуф
11/29/2020

Куманово го совлада ФК КУЛ генерација 2009 и 2011 со минимални 2:1

Денес, генерациите 2009 и 2011 година на ФК КУЛ гостуваа во Куманово кај истоимената екипа на контролни-натпревари. На овие две средби домаќинот дојде до минимални победи со идентични резултати од 2:1.


Избраниците на Александар Цветковски имаа реми до пред крајот, но сепак беа поразени со минимални 2-1. ФК Куманово на оваа средба со нашата генерација 2011 се покажа како солиден противник.


Натпреварот започна со наши прилики за погодок, ние имавме две големи шанси да отвориме резултатски. Лука Белевски и Стефан Стојановски први се заканија кон голот на домашниот тим. Тамара Атанасовска упати удар кон голот на домаќинот кој беше блокиран непосредно пред целта. Куманово по една контра ги казни нашите промашувања и поведе со 1-0, токму со тој гол и минимална предност за нив заминавме на пауза на овој тест-напревар.


Домаќинот ќе ја удвоеше својата предност на самиот старт на вториот дел, за наша среќа два одлични удара одбрани нашиот голман, Ангел Крстески. Ние тргнавме по изедначување по овој момент, две прилики не претворивме во гол. Филип Чангов и Сефан Стојановски беа момците кој создадоа шанси за нашиот тим. Конечно изедначивме преку Стојановски, тој беше најприсебен пред противничкиот гол за погодок кој донесе резултатска симетрија, 1:1. Не успеавме да останеме непоразени, домаќинот на крајот погоди за конечните 2-1.


ФК КУЛ генерација 2009 одигра солиден дуел на кој беше поразена со 2-1, ние бевме подобри противници особено во вториот дел кога имавме целосна теренска иницијатива.


Нашиот најлош период беа воведните 5.минути, каде одигравме неповрзано и домаќинот со два брзи гола поведе со 2-0. Полека по овој момент се ослободивме и тргнавме во атак, имавме две прилики во првиот период за намалување, преку Марко Стојаноски. Топката дојде до Меланија Грозданова, таа одлично асистираше до Јован Ѓорѓиевски кој погоди. Со неговиот гол ја преполовивме негативата на 2-1. На одмор заминавме со овој резултат.


Во вториот дел единствената дама во нашиот тим Меланија се закани на почетокот. Потоа Матеј Иваноски имаше две прилики, во овој период доминиравме, сепак не успеавме да погодиме и покрај максималната теренска доминација во поле. Дукоски Филип се закани во две прилики, Грозданова имаше прекрасен волеј кој исто така не донесе резултатска симетрија. До крајот треба да одбележиме уште обид на Стојаноски и Грозданова чии удар голманот ги одбрани. На почетокот на овој дел видовме и две одбрани на Кочов Марко на нашиот гол.