Реми на гостувањето за ФК КУЛ генерација 2008 кај Куманово

Трет триумф во серија за младинците на Кул, совладана екипата на Кожуф
11/28/2020
Куманово го совлада ФК КУЛ генерација 2009 и 2011 со минимални 2:1
11/28/2020

Реми на гостувањето за ФК КУЛ генерација 2008 кај Куманово

ФК КУЛ генерација 2008 денес гостуваше во Куманово кај истоимениот тим. На оваа средба одигравме одличен дуел во двата правци, момците на Мики Тодоровски одиграа реми 2:2.


Нашиот тим имаше повеќе од играта на почетокот од дуелот, ние напаѓавме со цел да погодиме за водство. Успеавме доминацијата во поле да ја крунисаме со гол преку Муртиќ Тарик кој стрелаше за почетни 0:1. Имавме уште две големи прилики за да ја удвоиме предноста во овој период, Лука Аврамовски и Калин Лупевски се обидоа да погодат, но за жал на одмор моравме да заминеме со минимална предност од еден погодок. Особено радуваше денес одличната игра на оваа екипа пред се во одбраната.


На самиот почеток на вториот дел Лупевски Калин и Ведран Арнаудов имаа свои прилики кои не ги крунисаа во финишот на акцијата со затресување на мрежата од голот на кумановчани. Цветевски Ангел на нашиот гол спречи изедначување во два наврати. Лупевски имаше шанса повторно, по неа конечно дојде вториот гол. Нашата предност ја удвои Ведран Арнаудов кој погоди за 0:2.

Противникот намали по една акција на 1-2 и внесе неизвесност. Динов Никола имаше одлична шанса, голманот со крајни напори исфрли во корна за нас. Ние напаѓавме но не успеавме да постигнеме трет гол, домаќинот погоди и за реми 2-2. На само 15.секунди до крај прекрасен гол за нас со волеј постигна Арнаудов Ведран, сепак поради претходно играње со рака судијата се одлучи истиот да не се вброи на оваа средба.