КУЛ генерација 2010 и ФК Карев на тест-натпревар одиграа нерешено

Порази на „контролките“ за ФК КУЛ генерација 2007 и 2012
11/29/2020
Убедливи победи за пионерските екипи на Кул на гостувањето кај Кожуф Гевгелија
11/29/2020

КУЛ генерација 2010 и ФК Карев на тест-натпревар одиграа нерешено

ФК КУЛ генерација 2010 одигра контролен дуел со тимот на ФК Карев на стадионот „Локомотива“. Истиот заврши реми со резултат 3:3 (0:1), видовме еден одличен дуел на две екипи кои се бореа на фудбалскиот терен за секоја топка.

Во првиот дел ние доминиравме на теренот, момците на Маџароски Владимир имаа повеќе од играта, создаваа шанси, но за жал не успеаа да погодат. Имавме три големи прилики за да отвориме со гол, две шанси си создаде Јаков Огнен кои не ги круниса во финишот. Покрај него се закани и Донев Давид во овој период. Противникот ги казни нашите промашувања и погоди за 0:1. На одмор заминавме со минимална негатива иако бевме подобри во поле.

Вториот дел започна исто како и првиот ние бевме во налет, имаше шанса Кирил Радевски. Повторно бевме казнети, ФК Карев ја удвои предноста и погоди за 0:2. Конечно ние проработевме во нападот, Огнен Јаков намали на 1:2. Тргнавме по целосен пресврт, топката дојде до Стефан Ацковски кој упати силен удар за резултатска симетрија, 2:2. Добрата игра на нашите момци донесе пресврт, за 3:2 стрелаше Љамалари Артан. Противникот веднаш по голот се закани, две одлични интервенции на нашиот гол имаше Калин Крстевски. Екипата на ФК Карев успеа да погоди во финишот за 3-3, резултат со кој заврши овој тест-напревар.