Убедливи победи за пионерските екипи на Кул на гостувањето кај Кожуф Гевгелија

КУЛ генерација 2010 и ФК Карев на тест-натпревар одиграа нерешено
11/29/2020
(Фотогалерија) Продолжи серијата на победи за кадетите на Кул
11/30/2020

Убедливи победи за пионерските екипи на Кул на гостувањето кај Кожуф Гевгелија

Пионерските екипи со победи се враќаат од гостувањето во Гевгелија. Денес генерациите 2004 и 2005 гостуваа кај екипата на Кожуф Гевгелија, во рамките на 5.коло од двете пионерски лиги.

Помладите пионери продолжуваат со победите во лигата, ова за нив е вкупно петти триумф сезонава на исто толку одиграни натпревари. Конечниот резултат гласеше 0:5 за момците на Божиноски.

Уште во 10.минута успеавме да го отвориме резултатот со голот на Антони Динов, додека по 15 минути игра имавме и предност од 0:2, откако во листата на стрелци се запиша и Марко Блажовски, за кој ова е деби гол сезонава. Инаку Блажовски денес доби шанса во стартниот состав на помладите пионери, а се работи за играч кој е генерација 2007. Радува фактот што до израз доаѓаат и младите играчи, кои можат да понесат одговорност на официјални натпревари. До крајот на првиот дел, односно во 38 минута имавме и предност од 0:3, со голот на Борјан Наков.

Рутински го одработивме и вториот дел од натпреварот и ја оправдавме улогата на фаворит на овој дуел од помладата пионерска лига. Постигнавме уште два гола, истите беа дело на еден ист играч, се работи за Антони Динов, за кој ова беше денес хет-трик. Со неговите голови беше поставен конечниот резултат од 0:5.

ФК КУЛ: Андреј Стојановски, Петар Трпевски, Петар Станковски, Матеј Стојановски, Стефан Петрушевски, Антони Динов, Борјан Наков, Марко Блажовски, Даниел Васиќ, Матеј Цветановски (К) и Александар Блажески.

Во игра влегоа Андреј Стојаноски и Олег Михајловски.

Пионерите беа исто така убедливи во дуелот со Кожуф Гевгелија, со краен резултат од 1:9. Уште по првото полувреме беа многу работи јасни за конечниот победник. На полувреме, момците на Нурединоски имаа високо водство од 1:6.

Во овој дел од натпреварот хет-трик постигна Александар Богданоски со голови во 8, 11 и 14.минута од натпреварот. Два погодоци беа за Бојан Јанкулоски кој мрежата на Кожуф ја погоди во 5 и 33.минута, додека во 21 минута во листата на стрелци се запиша и Лука Мицевски. Противникот во 41.минута го намали резултатот на 1:6.

Во вториот дел паднаа уште три гола. Два од нив беа дело на Лука Мицевски, вкупно три за овој играч на натпреварот, додека погоди и Рамадан Кадриовски

ФК КУЛ: Јордан Јосифов, Стефан Симоновски, Александар Трајчевски, Матеј Митревски, Максим Бундалески, Бојан Јанкулоски, Љубомир Стојановски, Филип Стајковиќ (К), Александар Богданоски, Владимир Стефановиќ и Лука Мицевски.

Со овој триумф после пет одиграни кола имаме освоено 12.бодови.