Порази на „контролките“ за ФК КУЛ генерација 2007 и 2012

(Фотогалерија) КУЛ генерација 2009 одигра меч со ФК Куманово
11/29/2020
КУЛ генерација 2010 и ФК Карев на тест-натпревар одиграа нерешено
11/29/2020

Порази на „контролките“ за ФК КУЛ генерација 2007 и 2012

Денес на стадионот „Локомотива“ пријателски натпревар одиграа нашиот ФК КУЛ и ФК Гостивар. Овој дуел за момци од генерација 2007 заврши со победа на гостинот со резултат 1:3 ( 1:1).


Тргнавме одлично во првиот дел, имавме теренска инцијатива и посед на топката. По само 5-6.минути противникот искористи еден наш кикс и во контра напад успеа да погоди за почетни 0-1. Веднаш тргнавме во офанзива, Стефан Бранковски најпрвин се закани. Потоа Ламаљари Фисник имаше своја прилика за изедначување. Не успеавме да изедначиме и по приликата на Давитов Петар. Противникот можеше да ја удвои предноста, на нашиот гол одлична одбрана имаше Ѓорѓиески Јован кој скроти незгоден удар. Конечно дојде изедначувањето, Фисник имаше соло акциија по која стрелаше за реми 1-1. Токму со резултатска симетрија заминавме на одмор.


Вториот дел започна со наша иницијатива, најпрвин се заканивме од слободен удар од десно на дистанца од 20.метра. Топката ја зема Гаврил Петановки, упати одличен удар кој не заврши за жал во мрежата. Потоа исолира Стефан Бранковски, тој ја мина целата одбрана се најде „очи во очи“ со голманот на ривалот, топката мина малце над гредата. Андреј Јованов кој влезе во вториот дел на нашиот гол, впиша веднаш неколку солидни одбрани и не дозволи негатива.

Давитов Петар од лево зема топка, имавме слободен удар на 20.метра од косо силно биеше под гредата, голманот на ривалот успеа да прифати. Противникот успеа да погоди по слободен удар за предност со 1-2. Потоа поведоа и со 1-3, нашиот голман Јованов одбрани неколку  силни удари.

ФК КУЛ генерација 2012 гостуваше кај тимот на Карев на нивниот терен во Населба Карпош. На овој дуел домаќинот дојде до победа до резултат 4:1. Нашиот денешен противник водеше уште на полувремето кога замина со предност од два гола. За време на паузата беше 2:0 за тимот на Карев.

Во вториот дел противникот успеа најпрвин да поведе со 3-0, а потоа и да ја удвои позитивата од првиот дел па поведоа со високи 4-1. Ние успеавме да погодиме за намалување на негативата, за 4-1 резултат кој се покажа како конечен стрелаше Стефан Шиљковски.