Ново успешно коло за Кул, комплетни резултати од 5.коло во младинските лиги

(Фотогалерија) Продолжи серијата на победи за кадетите на Кул
11/30/2020
(Фотогалерија) ФК КУЛ генерација 2008 и 2011 гостуваа во Куманово
11/30/2020

Ново успешно коло за Кул, комплетни резултати од 5.коло во младинските лиги

Нашиот клуб имаше ново успешно коло во младинските лиги, откако повторно освои максимални 12 бодови. Во рамките на 5.коло за противник ја имавме екипата на Кожуф Гевгелија

Помладите пионери ја продолжија победничката серија, откако славеа на гостински терен против екипата на Кожуф со резултат 0:5. На тој начин стигнаа до петтиот последователен триумф во својата категорија.

Комплетни резултати во помладата пионерска лига:

ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци – ФК Силекс  0:4

ФК Борец 1919 АД – ФК Скопје АД  1:4

ФК Беласица АД – ФК Струга Трим Лум  5:2

ФК Куманово 2012 – ФК Лабуништа 2011 Тетово  0:0

ФК Кожуф Гевгелија – ФК Кул  0:5

Убедлив триумф во дуелот со гевгелиската екипа остварија и нашите пионери кои славеа со резултат 1:9. Ова беше четврта победа сезонава во пионерската лига за нашите надежи.

Комплетни резултати во пионерската лига:

ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци – ФК Силекс  3:0

ФК Борец 1919 АД – ФК Скопје АД  0:2

ФК Беласица АД – ФК Струга Трим Лум  2:0

ФК Куманово 2012 – ФК Лабуништа 2011 Тетово  6:1

ФК Кожуф Гевгелија – ФК Кул  1:9

До највисока победа стигнаа кадетите, кои и како пионерите постигнаа девет голови, но својата мрежа ја зачуваа незатресена, па со резултат 9:0 славеа на домашен терен. На тој начин стигнаа до 15 освоени бодови во првите пет кола.

Комплетни резултати во кадетската лига:

ФК Силекс – ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци  1:3

ФК Скопје АД – ФК Борец 1919 АД  4:1

ФК Струга Трим Лум – ФК Беласица  2:1

ФК Лабуништа 2011 Тетово – ФК Куманово 2012   2:1

ФК Кул – ФК Кожуф Гевгелија  9:0

Трета победа во серија забележаа и нашите младинци, кои исто така беа подобри на дуелот со Кожуф, тука остваривме триумф со резултат 3:0.

Комплетни резултати во младинската лига:

ФК Силекс – ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци  3:0 ( службено)

ФК Скопје АД – ФК Борец 1919 АД  1:0

ФК Струга Трим Лум – ФК Беласица  7:2

ФК Лабуништа 2011 Тетово – ФК Куманово 2012   2:1

ФК Кул – ФК Кожуф Гевгелија  3:0

Во следното 6.коло за противник го имаме тимот на ФК Куманово 2012.