Во среда на „Цементарница“ пом.пионери на Кул го играат дуелот од 1/4 финалето на Купот против Победа

(ТАБЕЛИ) Младинските екипи на Кул се лидери во секоја категорија
12/01/2020
(Фотогалерија) ФК КУЛ генерација 2007 одигра пријателски дуел со Гостивар
12/01/2020

Во среда на „Цементарница“ пом.пионери на Кул го играат дуелот од 1/4 финалето на Купот против Победа

Во среда (02.11) ќе се одигра натпреварот од 1/4 финалето на Купот за помладите пионери.

На „Цементарница“ екипата на Кул е домаќин на Победа од Прилеп. Натпреварот е закажан да стартува од 11:00 часот. Ќе се одигра само еден дуел, по кој ќе биде позната екипата која ќе се пласира во 1/2 финалето на националниот Куп.

Победа е дел од најсилната Супер лига, во која после пет одиграни кола котира на високото трето место. Добро ја започнаа сезоната, забележувајќи четири победи и само еден пораз. Во 1/8 финалето на Купот во Прилеп со висок резултат од 5:1 ја елиминираа екипата на Ренова.

Нашите помлади пионери се лидери во втората по квалитет лига во Македонија. На пет одиграни натпревари имаме исто толку победи, додека во првата елиминациска рунда од Купот бевме подобри од екипата на Македонија Ѓ.П (7:0).

Не очекува интересен и квалитетен натпревар, се надеваме дека ние на крајот ќе се радуваме на победата. Инаку Кул е се уште актулен освојувач на Купот во оваа генерација. Во сезоната 2018/19 во големото финале бевме подобри од Вардар, додека во сезоната 2019/20 натпреварите од Купот беа прекинати во полуфиналето.