КУЛ, Вардар, Шкендија и Академија Пандев се полуфиналисти во Купот на Македонија

Продолжува патот до одбрана за трофејот во Купот, помладите пионери ја „прескокнаа“ Победа и се пласираа во 1/2 финалето
12/02/2020
Во рамките на 6.коло во младинските лиги ќе се сретнеме со екипата на Куманово 2012
12/04/2020

КУЛ, Вардар, Шкендија и Академија Пандев се полуфиналисти во Купот на Македонија

Трета година по ред генерацијата 2005 на Кул се најде во најдобрите четири екипи во Купот на Македонија.

Помладите пионери во рамките на 1/4 финалето ја елиминираа екипата на Победа од Прилеп и на тој начин се пласираа во полуфиналето. На натпреварот кој се одигра на „Цементарница“ славеа нашите надежи со резултат 3:0.

Веќе се познати сите четири екипи кои ќе се борат за големото финале во Купот. Покрај Кул, тука се уште Вардар, Шкендија и Академија Пандев.

Резултати од 1/4 финалето во Купот за помлади пионери:

КУЛ– Победа  3:0

Вардар – Работнички  2:0

Шкендија – Куманово Еуроспорт  5:1

Академија Пандев – Брегалница  4:0