Во рамките на 6.коло во младинските лиги ќе се сретнеме со екипата на Куманово 2012

КУЛ, Вардар, Шкендија и Академија Пандев се полуфиналисти во Купот на Македонија
12/03/2020
Распоред на пријателски натпревари за претстојниов викенд
12/04/2020

Во рамките на 6.коло во младинските лиги ќе се сретнеме со екипата на Куманово 2012

Претстојниов викенд не очекуваат натпреварите од 6.коло во младинските лиги, следен наш противник е екипата на Куманово 2012. Во сабота (05.12) пионерските екипи се домаќини на „Цементарница“ додека во недела (06.12) кадетите и младинците ќе гостуваат на овој противник на фудбалското игралиште кај спортската сала.

Не очекуваат интересни натпревари со Куманово со оглед дека тие во секоја категорија се во горниот дел од табелата, со исклучок на младинците. Во помладата пионерска лига, нашиот Кул е лидер со максимални 15 освоени бодови, додека Куманово после пет одиграни натпревари има освоено 8 бодови.

Интересен дуел не очекува во пионерската лига. Во оваа категорија екипите на Кул и Куманово имаат освоено по идентични 12 бодови. Натпреварите во сабота ќе стартуваат во термините од 10:00 и 12:00 часот.

Кул се наоѓа на првото место во кадетската лига, додека Куманово е на петтото место со 7 бодови. Младинците ќе се обидат да ја продолжат серијата на победи која трае три натпревари, за тоа да се случи ќе треба да го совладаат Куманово кој се наоѓа доле на табелата, односно на осмата позиција со само 4 бодови. Во истите саатници ќе се одиграат и неделните натпревари во Куманово.