Продолжува победничката серија за помладите пионери, триумф и во дуелот со Куманово 2012

Распоред на пријателски натпревари за претстојниов викенд
12/04/2020
КУЛ го доби дербито во пионерската лига
12/05/2020

Продолжува победничката серија за помладите пионери, триумф и во дуелот со Куманово 2012

Утрово на „Цементарница“ до нова победа на натпревар од 6.коло во младинските лиги стигнаа помладите пионери на Кул. На дуелот против Куманово 2012 славеше нашиот тим со резултат 2:0

Тренерот Божиноски се одлучи за следните 11-сетмина: Јордан Јосифов, Матеј Здравкоски, Петар Трпевски, Матеј Митревски, Петар Станковски, Матеј Цветановски (К), Стефан Петрушевски, Александар Блажески, Антони Динов, Александар Богданоски, Лука Мицевски.

По првите 45 минути имавме минимално водство од 1:0. Првиот директен удар го имаше Стефан Петрушевски кој се обиде атрактивно од корнер да го совлада противничкиот голман, кој добро реагираше и спаси негатива за својот тим. Во следната прилика успеваме да го отвориме резултатот на 1:0, Лука Мицевски беше стрелец, откако најдобро се снајде после една мешаница во противничкиот шеснаесетник, упати удар кој заврши во мрежата на Куманово.

Имавме поголем посед на топка и иницијатива во првото полувреме, додека гостите се обидуваа да изненадат од контра напад. Така беше и во случајот кога направија акција, од десната страна шутираше еден од нивните играчи, но топката оди крај голот на Јосифов. За одбележување е ударот на Богданоски, кој беше лесен плен за противничкиот голман, обиди имаа и Цветановски кој биеше од слободен удар, како и Трпевски кој шутираше од 30 метри, но немаше реализација во ниту еден од споменатите обиди на нашите играчи. Имавме голема шанса да го зголемиме водството, кога Петрушевски упати центар шут од корнер, во противничкиот шеснаеесетник највисок со глава беше Богданоски кој биеше, но еден од противничките играчи беше на вистинското место исфрлувајќи ја топката од гол линијата. До крајот на првиот дел ќе одбележиме уште една шанса за момците на Божиноски. Цветановски проигра до Петрушевски, овој до Богданоски кој шутираше во завршниот обид, но топката за малку над пречката од голот на кумановачни. По првиот деел резултатот беше 1:0.

Имавме иницијатива и во второто полувреме, но тешко ни одеше завршната реализација. Можевме и предвреме да го решиме победникот, но сепак не реализиравме неколку шанси. Богданоски се најде во неколку прилики, исто како и Блажовски и Динов но се уште немаше промена на резултатот од првиот дел. Куманово исто така имаше два удари, но нашиот голман Јордан Јосифов не дозволи денес да биде совладан. Во игра во вториот дел влегоа Стефан Душкоски, Матеј Стојановски, Марко Блажовски, Олег Михајловски и Горјан Георгиевски.

Успеваме да го скришиме отпорот на противникот и да поведеме со 2:0 со погодокот на Стефан Петрушевски, кој погоди на одлична асистенција од Блажовски. Со овој гол ја запечативме победата, до крајот добар обид имаше Марко Блажовски, но топката заврши крај голот. Конечниот резултат гласеше 2:0.

Ова беше шестта победа во серија за помладите пионери, кои и после ова коло ќе останат со максимален број на освоени бодови.