КУЛ го доби дербито во пионерската лига

Продолжува победничката серија за помладите пионери, триумф и во дуелот со Куманово 2012
12/05/2020
(Фотогалерија) Петта победа сезонава за пионерите
12/06/2020

КУЛ го доби дербито во пионерската лига

Продолжува победничката серија и за пионерите на Кул. Денес на „Цементарница“ избраниците на Един Нуредионски беа подобри од екипата на Куманово 2012. Ова беше дерби во рамките на 6.коло од пионерската втора лига, кое му припадна на Кул со резултат 4:1.

Стартниот состав: Мартин Цветковски, Стефан Симоновски, Александар Трајчевски, Бојан Јанкулоски, Љубомир Стојановски, Филип Стајковиќ (К), АнтониЈо Стојановски, Никола Крстевски, Даниел Васиќ, Владимир Стефановиќ, Борјан Наков. 

Првите шанси за отварање на резултатот ги имаше нашиот тим и тоа преку едне ист играч, се работи за Љубомир Стојановски, но во двата наврати одбрани голманот на Куманово. Во следната прилика успеваме да погодиме, одличен гол постигна Бојан Јанкулоски. Се играше акција од десната страна, Љубомир Стојановски додаде до Јанкулоски кој од прва биеше во горниот агол на гостинскиот гол за предност од 1:0. Имавме контрола на играта во овој дел натпреварот, не дозволувајќи на противникот да создаде поконкретна шанса. Александар Трајчевски лесно можеше да се запише во листата на стрелци, откако биеше од леватата страна, силен и прецизен беше ударот, голманот на противникот имаше одлична интервенција, топката удри во стативата но не заврши во голот.

Пред да го постигнеме вториот гол, обид имаше Антонијо Стојановски кој шутира над голот. После една грешка на противничката одбрана, капитенот Филип Стајковиќ одзема топка, прецизно шутира за зголемување на 2:0. До крајот на првиот дел уште две добри шанси за нашиот тим. Стајковиќ одлично го проигра Наков во противничкиот шеснаесетник, кој бие, но гостинскиот голман повторно се истакна бранејќи го ударот. Добра прилика и за Владимир Стефановиќ кој на нфрлена топка од корнер на Трајчевски, биеше со глава крај голот. На полувреме резултатот гласеше 2:0.

Во вториот дел после две добри шанси за Куманово, една од нив успеваат да реализираат и да го намалат резултатот на 2:1. Без разлика на примениот гол, ние продолживме со офанзивната игра, после центар шут од корнер во прилика се најде Наков, но не реализираше. Да ја вратиме позитивата од два гола имавме можност кога Трајчевски одлично проби од левата страна даде топка во противничкиот шеснаесетник до Антонијо Стојановски кој од непосредна близина не успева да погоди, односно еден од противничките играчи се најде на вистинското место исфрлувајќи ја топката.

До крајот на натпреварот успеваме да постигнеме два гола. Откако фаулиран во шеснаесетникот на Куманово беше Стојановски Љубомир, главниот судија покажа на белата точка. Сигурен реализатор беше капитенот Филип Стајковиќ кој погоди за 3:1. Во последните минути од натпреварот во листата на стрелци се запиша и Борјан Наков, на асистенција од Васиќ го постави конечниот резултат од 4:1.

Во игра влегоа уште и Андреј Стојановски и Рамадан Кадриовски.