Николов погоди во првата минута за три бода, кадетите на КУЛ со 0:1 триумфираа во Куманово

(Фотогалерија) Петта победа сезонава за пионерите
12/06/2020
(Фотогалерија) Триумф за пом.пионери во дуелот со Куманово
12/06/2020

Николов погоди во првата минута за три бода, кадетите на КУЛ со 0:1 триумфираа во Куманово

Нов ден, нови предизвици и нова радост за нашиот тим, по двете пионерски победи вчера, денес остваривме нова победа, овој пат за кадетите на ФК КУЛ. Момците на Едо Нурединоски гостуваа кај екипата на ФК Куманово 2012 во истоимениот град. На еден цврст натпревар дојдовме до победа со минимален резултат 0-1 (0-1), впишувајќи нови три бода на нашето конто.


За нас започнаа: Цветковски Мартин, Трајчевски Александар, Ивановски Дамјан, Митревски Матеј, Здравески Стефан, Богданоски Александар, Николов Никола, Кузмановски Филип,  Станковски Томи, Ристески Бојан  и Манојловски Дамјан.


Веќе во првата акција успевме да се радуваме, поведовме со 0-1 по само минута фудбалска игра во Куманово. Станковски одлично во празно го проигра Трајчевски кој упати прецизна топка до Николов Никола. Со рутиниран удар  преку Николов погодивме за почетно водство. Го контролиравме дуелот, имавме повеќе од поседот, но освен голот во првата половина на првото полувреме немавме шанса за одбележување. Трајчевски се закани со глава во 25.минута, 3.минути потоа Николов Никола  асистираше до Богданоски  Александар кој од прва шутна над гол. До крајот на првиот дел имавме уште две прилики за удвојување на предноста, најпрвин во 32.минута Томи Станковски се обиде од косо, неговиот удар лесно го одбрани голманот на домаќинот. Во 44.минута Бојан Ристески шутна од 25.метра, топката отскокна лошо пред голманот кој ја закачи, истата заврши во гредата па во корнер за тимот на Кул.


Вториот дел започна со две прилики за домашниот тим, Мартин Цветковски на нашиот гол беше поуспешен од противничките напаѓачи и не дозволи резултатска симетрија. Во игра на почетокот на вториот дел тренерот Нурединоски ги уфрли: Антонијо Стојановски, Петар Станковски и Дамјан Ивановски.  Ние имавме повеќе од играта и поседот, противникот се обидуваше да се закани единствено од контра-напади. Исто така доби шанса за настап и Иво Насевски. Николов во 72.минута се обиде  со удар, топката мина крај голот на кумановчани. Во 74.минута, Томи Станковски шутна над голот од слободен удар на дистаница од 20.метра. Со одлична игра во поле, со долги пасови и висок процент на посед успеавме да го приведеме овој натпревар кон крајот.


Ова е 6-та победа за нашите момци по шест одиграни кола во кадетската лига, со 18.бода го задржуваме првото место на табелата во кадетска конкуренција.