Минимален пораз за ФК КУЛ генерација 2009 на дуелот со Тефејуз

Термини на контролни натпревари за сабота
12/11/2020
Три екипи се есенски шампиони, КУЛ освои најмногу бодови во првиот дел од сезоната
12/14/2020

Минимален пораз за ФК КУЛ генерација 2009 на дуелот со Тефејуз

ФК КУЛ генерација 2009 денес во Балонот Кисела Вода беше домаќин на тимот на Тефејуз. Избраниците на Арсовски Марко одиграа солиден дуел во кој беа поразени минимално со еден гол, имавме и шанса за реми, но  ја погодивме стативата. Гостинот  беше подобар со резултат 4:5 (2:2).

Првиот дел имаше два различни периоди, во првата половина од него гостите беа подобар противник и го диктираа темпото. Тоа им донесе предност најпрвин од 0-1, потоа и од 0-2 на оваа средба. Во втората половина нашите играчи беа подобар противник, најпрвин намаливме на 1-2 преку Михаил Цветановски. Потоа една топка доби Лука Ветеров, беше највешт пред противничкиот гол и стрелаше за резултатска симетрија, 2-2.  До крајот видовме една одбрана на нашиот голман Божидар Георгиевски, по која заминавме на одмор со по два гола во двете мрежи.

Целосен пресврт направивме на почетокот на вториот дел, за нас погоди повторно Лука Ветеров. Со неговиот втор гол поведовме со 3-2. По една грешка на нашата одбрана Тефејуз успеа да изедначи на 3-3. Ние нападнавме за да ја вратиме предноста, нашето отварање го искористи ривалот и поведе со 3-4, а потоа и со 3-5. Стапи на сцена Иван Смилевски, најпрвин погоди за минимална негатива 4-5. Потоа имаше две шанси од кој последната колосална, од само неколку метри шутна силно, но стативата беше последна пречка за наше изедначување на овој тест-напревар.