Митревски, Бундалески и Богданоски добија повик за националната репрезентација до 16 години која ќе одработи тренинг камп во Дојран

Распоред на пријателски натпревари за претстојниов викенд
12/18/2020
Преглед на есенскиот дел од сезоната за кадетите и младинците
12/24/2020

Митревски, Бундалески и Богданоски добија повик за националната репрезентација до 16 години која ќе одработи тренинг камп во Дојран

Задоволство ни е да соопштиме дека тројца членови на нашиот клуб добија повик во националната репрезентација. Се работи за зимскиот камп во Дојран на Македонската селекција до 16 години, која ќе одработи тренинг камп во периодот од 21-28 декември.

За овие подготовки, селекторот на Македонија, Тони Јакимовски повика и тројца играчи од фудбалскиот клуб Кул. Се работи за Матеј Митревски (одбрана), Максим Бундалески (среден ред) и Александар Богданоски (напад). Овие момци напорно работеа во изминатиов период и заслужено добија повик да го облечат дресот на Македонија.

На зимскиот камп можно е одигрување на некој контролен натпревар, со пионерите на Академија Пандев.