Преглед на есенскиот дел од сезоната за кадетите и младинците

Митревски, Бундалески и Богданоски добија повик за националната репрезентација до 16 години која ќе одработи тренинг камп во Дојран
12/20/2020
Генерација 2010 на ФК КУЛ подобра од екипата на Рудар Јуниор
12/26/2020

Преглед на есенскиот дел од сезоната за кадетите и младинците

Правиме преглед на полусезоната за кадетите и младинците на Кул. Двете екипи одиграа по шест натпревари, кадетите завршија на првото место, додека младинците се сместени на четвртата позиција на табелата.

Кадетите на најдобар можен начин го завршија есенскиот дел со шест победи од исто толку одиграни натпревари. Радува фактот што четири од победите беа остварени на терените на противниците. Успеавме да постигнеме најмногу голови во лигата, вкупно 19, додека ја имаме и најдобрата со само 2 примени погодоци во нашата мрежа.

Сите постигнати резултати на кадетите во лигата:

1 коло: Скопје – КУЛ  1:2

2 коло: КУЛ – Струга Трим Лум  3:0  ( службено)

3 коло: Лабуништа 2011 Тетово – КУЛ  0:2

4 коло: ГФК Тиквеш 1930 – КУЛ  1:2

5 коло: КУЛ – Кожуф   9:0

6 коло: Куманово 2012 – КУЛ  0:1

Оваа генерација зема учество и во националниот Куп, каде беше елиминирана во 1/8 финалето од екипата на Македонија Ѓ.П. На единствениот натпревар кој го одигравме на гостински терен славеше противникот со резултат 2:0.

Младинците остварија скор од три победи, еден нерешен резултат и два порази. Откако освоивме само еден бод на првите три натпревари, следеше серија од три последователни победи за нашите младинци, за во последното есенско коло да загубиме од екипата на Куманово. Имаме втора најдобра одбрана со 6 примени голови, додека во нападот постигнавме 9 погодоци.

Сите постигнати резултати на младинците во лигата:

1 коло: Скопје – КУЛ  2:0

2 коло: КУЛ – Струга Трим Лум  1:1

3 коло: Лабуништа 2011 Тетово – КУЛ  1:2

4 коло: ГФК Тиквеш 1930 – КУЛ  0:2

5 коло: КУЛ – Кожуф  3:0

6 коло: Куманово 2012 – КУЛ  2:1