Генерација 2010 на ФК КУЛ подобра од екипата на Рудар Јуниор

Преглед на есенскиот дел од сезоната за кадетите и младинците
12/24/2020
Победа за генерација 2012 на пријателскиот натпревар со Рудар Јуниор
12/26/2020

Генерација 2010 на ФК КУЛ подобра од екипата на Рудар Јуниор

Во текот на вчерашниот ден, гостин на нашиот клуб беше екипата на Рудар Јуниор од Пробиштип, со која одигравме два контролни натпревари.

Генерацијата 2010 на Владимир Маџароски ги совлада врсниците од екипата на Рудар Јуниор. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 3:1. Нашиот тим сите голови ги постигна во првите десет минути од натпреварот, додека во вториот дел противникот постигна гол и го намали резултатот. Огнен Јаков беше играчот кој успеа да го отвори резултатот и да му донесе водство на Кул од 1:0.

Следеше погодок и на Стефан Ацковски за зголемување на 2:0, додека со вториот гол на Огнен Јаков поведовме и со високи 3:0. Имавме уште неколку шанси во овој дел од натпреварот, но мораме да го пофалиме голманот на Рудар кој одбрани неколку силни удари.

Во второто полувреме гледавме шанси на двете страни, но падна само еден гол и тоа во нашата мрежа. Екипата на Рудар Јуниор постигна гол со удар од белата точка, со кој ги постави конечните 3:1 на овој пријателски дуел. Честитки до двете екипи за прикажаната игра и благодарност до тимот на Рудар Јуниор за фер и коректниот натпревар. Се надеваме на добра соработка со овој клуб и уште многу вакви натпревари.