Победа за генерација 2012 на пријателскиот натпревар со Рудар Јуниор

Генерација 2010 на ФК КУЛ подобра од екипата на Рудар Јуниор
12/26/2020
Александар Трајчевски: Среќен сум што го избрав Кул, клуб со кој сакам еден ден да заиграм во ПМФЛ
01/03/2021

Победа за генерација 2012 на пријателскиот натпревар со Рудар Јуниор

Генерацијата 2012 на Кул го одигра последниот натпревар за оваа година. Вчера во балонот во Кисела Вода имавме пријателски дуел со екипата на Рудар Јуниор од Пробиштип. Нашите надежи кои се предводени од Мики Тодоровски дојдоа до триумф изразен со резултат 6:2.

Одличен натпревар одиграа нашите момчиња кои покажаа повеќе од противничкиот тим. Првите два гола беа дело на еден ист играч, се работи за Стефан Шиљковски кој ни донесе предност од 2:0. Во следниот период видовме погодок за Рудар Јуниор кој намали на 2:1, додека одличен гол од голема далечина постигна Дамјан Тодоровски кој ја врати позитивата од два гола за водство од 3:1. До крајот на првиот дел видовме по уште еден гол во двете мрежи. Најпрво гостинот намали на 3:2, додека водството на 4:2 за Кул го зголеми Давид Николов.

Во вториот дел паднаа уште два гола во мрежата на екипата од Пробиштип.Најпрво со хет-трик на Шиљковски поведовме со 5:2, додека конечните 6:2 на овој пријателски дуел ги постави Михаил Динов. Честитки до двете екипи за прикажаната игра и благодарност до тимот на Рудар Јуниор за фер и коректниот натпревар. Се надеваме на добра соработка со овој клуб и уште многу вакви натпревари.