(ФОТО) Тест за моменталната аеробна издржливост на играчите под водство на Никола Родиќ

ФК КУЛ од утре стартува со тренинзи со пет генерации
01/14/2021
Меланија и Ане се дел од зимскиот камп на Македонија У15
01/18/2021

(ФОТО) Тест за моменталната аеробна издржливост на играчите под водство на Никола Родиќ

Пред почетокот на зимските подготовки кои официјално стартуваат од понеделник, денес на играчите кои се дел од генерациите 2002, 2003 2004, 2005 и 2006 им беше извршен „BEEP TEST“, под водство на нашиот кондиционен тренер, Никола Родиќ, со кој се одреди моменталната аеробна издржливост на фудбалерите.

Според добиените резултати ќе биде изготвена програмата во чии што рамки секој играч ќе го добие соодветното тренажно оптоварување. Тестирањето беше извршено со помош на монитори за следење на срцевата фреквенција – POLAR, кои играчите ќе ги користат за време на комплетните зимски подготовки, со што се овозможува точно и прецизно дозирање на тренажниот процес за секој играч поединечно.