Меланија и Ане се дел од зимскиот камп на Македонија У15

(ФОТО) Тест за моменталната аеробна издржливост на играчите под водство на Никола Родиќ
01/15/2021
(ФОТО) ФК Кул започна со подготовки за пролетниот дел, постепено ќе се темпира формата и физичката подготовка
01/19/2021

Меланија и Ане се дел од зимскиот камп на Македонија У15

Задоволство ни е да ви соопштиме дека две наши девојки се дел од зимскиот камп во Дојран на Македонската женска репрезентација до 15 години, која е предводена од Добре Димовски.

Се работи за Меланија Грозданова (2008) и Ане Велковска (2009) генерација. За Меланија ова е втора година како што е дел од оваа селекција на млади и надежни фудбалерки.

Ова е големо искуство за Меланија и Ане кои ќе имаат можност да се докажуваат и напредуваат, а ние како клуб сме горди што имаме вакви надежни играчи кои еден ден можат да заиграат и за сениорската национална репрезентација. Ние секогаш ќе бидеме нивна поддршка во остварување на целите.

Ваквите случувања ни даваат само поголем мотив и поттик за напорно да работиме и да докажеме дека сме на вистинскиот пат.