(ФОТО) ФК Кул започна со подготовки за пролетниот дел, постепено ќе се темпира формата и физичката подготовка

Меланија и Ане се дел од зимскиот камп на Македонија У15
01/18/2021
(ФОТО) Генерациите 2005 и 2006 стартуваа со тренинзи
01/20/2021

(ФОТО) ФК Кул започна со подготовки за пролетниот дел, постепено ќе се темпира формата и физичката подготовка

Нашиот клуб означи старт на подготовките за пролетниот дел од сезоната. Први кои стартуваа беа екипите кои се натпреваруваат во младинските лиги, како и повозрасните петлиња.

Денес во балонот во населбата Кисела Вода свој заеднички тренинг одржаа генерациите 2002/03 и 04. Постепено ќе се работи на враќање на физичката подготовка, затоа и денешниот тренинг беше комбиниран кондиционен, но исто така се работеше и со топка. Момците работеа со среден интезитет, со оглед дека се работи за почеток на зимските подготовки.

Како тоа изгледаше погледнете од следниве фотографии.