Победа на првиот пријателски дуел за генерација 2005 во новата година

Први контролни натпревари во новата година
02/12/2021
Пораз за генерација 2006 на контролниот натпревар со Македонија Ѓ.П
02/13/2021

Победа на првиот пријателски дуел за генерација 2005 во новата година

Помладите пионери на Кул го одиграа првиот подготвителен натпревар во новата година. Утрово на теренот на Локомотива имавме пријателски дуел со екипата на Македонија Ѓ.П кој заврши убедливо во наша корист со резултат 7:0.

Тренерот Божиноски им даде шанса за настап на сите играчи кои му беа на располагање за овој пријателски дуел, кој го стартуваше со следниве 11-сетмина: Јосифов, Митревски, Станковски, В.Стефановиќ, Васиќ, Трајчевски, Цветановски, В.Стефановиќ, Петрушевски, Наков и Бундалески.

Со оглед дека ова беше првиот подготвителен натпревар во пресрет на вториот дел од сезоната, може да се каже дека одигравме еден квалитетен дуел кој траеше 80 минути. Пред да го отвориме резултатот имавме прилика преку Трајчевски кој се обиде од слободен удар, како и Петрушевски кој ја погоди стативата од противничкиот гол. Се закани и Македонија Ѓ.П кога после една акција одбрани нашиот голман, Јордан Јосифов, додека во следната наша прилика успеавме да го отвориме резултатот на 1:0 со голот на Стефан Петрушевски, кој реализираше после асистенција од Бундалески. Бевме подобриот тим на овој натпревар, а до крајот на првиот дел погодивме уште еднаш, овој пат стрелец на голот беше Максим Бундалески кој погоди после одлична асистенција од Цветановски.

На стартот на вториот дел направивме две измени, во игра ги видовме Богданоски, Мицевски и Зекири. За само три минути момците на Божиноски постигнуваат нови два гола. Најпрво со вториот гол на Петрушевски поведовме со 3:0, додека резултатот на 4:0 го зголеми нововлезениот Александар Богданоски, кој погоди на асистенција на Мицевски од левата страна. Нови измени во нашиот состав, шанса за игра добија Здравковски, Ѓорѓиевски и Ацевски. Игравме опуштено во следниот период, но не заборавивме да постигнуваме голови. Во листата на стрелци се запиша и Адис Зекири, кој се најде на вистинското место после едно недоразбирање на противничкиот голман со еден од неговите соиграчи, за предност од 5:0. До крајот на натпреварот голови за нови два играчи, кои влегоа од клупата. Мартин Ацески стрелаше за 6:0, додека конечните 7:0 ги постави Лука Мицевски.

Со оглед на лошите временски услови и незгодниот терен за игра, пруживме максимум и задоволителна игра.