Пораз за генерација 2006 на контролниот натпревар со Македонија Ѓ.П

Победа на првиот пријателски дуел за генерација 2005 во новата година
02/13/2021
(Фотогалерија) Помладите пионери подобри од екипата на Македонија Ѓ.П
02/15/2021

Пораз за генерација 2006 на контролниот натпревар со Македонија Ѓ.П

Генерацијата 2006 на ФК Кул го имаше првиот подготвителен натпревар во 2021 година. Противник ни беше екипата на Македонија Ѓ.П. Дуелот кој се одигра на „Локомотива“ заврши во полза на гостинската екипа која славеше со резултат 1:2.

Стартувавме со следниве 11-сетмина: Рајевски, Стојановски, Трпевски, Лазовски, Михов, Блажовски, Душкоски, Михајловски, Трифуновски, Бошнаков, Динов.

Сите три голови на овој пријателски дуел паднаа во првиот дел од натпреварот кој траеше 35 минути. Нашиот голман Рајевски имаше две одбрани, пред да го отвориме резултатот, додека првиот директен удар кај нас го имаше Душкоски. Со одличен гол со глава на Матеј Стојановски нашиот тим го отвори резултатот на 1:0. Беше нафрлена топка од корнер на Блажовски, на вистинското место се најде Стојановски кој го совлада противничкиот голман. Сепак Македонија Ѓ.П успеа до крајот на првиот дел да постигне два гола во нашата мрежа и да направи резултатски пресврт за 1:2.

Во вторите 35 минути се обидовме да го израмниме резултатот, но немаше промена, иако имавме неколку обиди. Во игра во второто полувреме влегоа и Меијер, Василев, Спасовски, Јовановски, Илиев, Абдураими и Омеровиќ.