Пионерите на КУЛ триумфално кај ФК Борец на тест-напревар

Први контроли во новата година за генерациите 2003, 2004 и 2007
02/19/2021
Кадетите на КУЛ одиграа реми со ФК Борец во Велес
02/20/2021

Пионерите на КУЛ триумфално кај ФК Борец на тест-напревар

Пионерскиот состав на ФК КУЛ денес гостуваше во Велес кај тимот на ФК Борец на пријателски напревар. Нашите момци дојдоа до победа на оваа средба со резултат  1:4 (0:2) во првата контрола за оваа година.

Почетен состав: Цветковски, Зафироски, Ѓорѓиевски, Мицевски, Петровски, Крстевски, Митревски, Манасиевски, Стојановски, Стајковиќ, Мифтари.

Манасиевски прв се закани веќе во првата минута, голманот на велешани со крајни напори исфрли во прва корна за нас. Ние доминиравме со поседот и постојано бевме на половината на ривалот. Две прилики со глава имаше Јован Митревски. Најпрвин по изведен скратен корнер успеа да биде највисок во противничкиот казнен простор и стрелаше за наша предност од 0-1. Истиот играч потоа и по корна од десната страна шутна под гредата, голманот на Борец не дозволи погодок. Јордан Петровски одлично асистираше до Манасиевски Горјан кој погоди за 2-0. Ние до крајот атакувавме и по трет гол.


Вториот дел започна со намалување на нашата предност, тимот на Борец успеа да погоди за преполување на нашата предност. По само 2.минути игра на овој тест-дуел резултатот беше 1-2. Ние тргнавме да ја вратиме предноста, голема прилика имавме преку Никола Крстевски. Нашиот играч беше во продор и се обиде од 15-16.метри неговиот удар заврши крај левиот директ. Кристијан Цветановски исто така имаше прилика, влезе во казнениот простор од десната страна, шутна силно по земја, но голманот на нашиот ривал беше поуспешен. Потоа истиот играч имаше идентична шанса, шутна во другиот агол, но неуспешно. Велешани се закануваа од контра-напади, на нашиот гол одличен беше Цветковски Мартин кој фати три удари. За 1-3 погоди Јован Митревски, по асистенција на Алан Кеховиќ. Веднаш потоа зголемивме и на 1-4, со голот на капитенот Филип Стајковиќ, кој доби асистенција од Василевски Александар.